Рубрика: Информатика
Nvidia го надмина Apple и стана највредна компанија во светот
Објавено на 06.11.2024 - 12:45

Во вторникот, гигантот за производство на чипови Nvidia го надмина Apple и стана највредната компанија во светот. Порастот а акциите на технлошкиот гигант се должи на бумот во доменот на вештачката интелигенција, а кој продолжува да го фасцинира Вол Стрит.

Акциите на AI juggernaut пораснаа за 2,9% на 139,93 американски долари, зголемувајќи ја нејзината пазарна капитализација на 3,43 трилиони долари, пред Apple со 3,38 трилиони долари. Во јуни Nvidia стана најголемата тргувана компанија, иако го држеше рекордот само еден ден. Во моментов Nvidia вреди повеќе од Amazon и Meta заедно.

Слика: Good Free Photos, CC0 Public Domain

Најголемите светски технолошки компании инвестираа десетици милијарди американски долари во моќната технологија за вештачка интелигенција на Nvidia која е централна компонента за обука на моќните генеративни системи за вештачка интелигенција какви што се ChatGPT на OpenAI или Gemini на Google.

Во петок се очекува Nvidia да се приклучи на Dow Jones Industrial Average, нагласувајќи го стратосферскиот пораст на компанијата чија цена на акции вртоглаво се зголеми за повеќе од 850% проценти од крајот на 2022 година, кога по објавувањето на ChatGPT букна интересот за вештачката интелигенција.

Клучни зборови:

Слика: CC0 Public Domain

Слика: CC0 Public Domain