Рубрика: Информатика
"Врие" во средната категорија!
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На полето на графичките картички, во средната категорија повторно "врие" како во најдобрите времиња. nVidia и AMD ги исфрлија на пазарот адутите од кои очекуваат добра заработка. Последниот збор е на купувачите, кои треба да се одлучат помеѓу GeForce GTX 750/750Ti и Radeon R7-265.

Средната категорија графички картички многу години наназад е полето каде што се остварува најголемиот профит, со оглед на тоа што добрите перформанси и популарните цени на картичките од оваа категорија ги прават најчест избор на пошироката популација. Не говориме само за локалниот пазар, туку глобално, иако во глобални рамки процентот на продадени картички од средната категорија е помал отколку кај нас.
Во поглед на нашиот пазар, ситуацијата е јасна. Далеку понискиот животен стандард и релативно слабата куповна моќ го прават своето, така што средната категорија во најголем број случаи е максималниот дострел на македонскиот купувач. Затоа и моделите како GeForce GTX 750/750Ti и Radeon R7-265 се вистински “десерт” за сите вљубеници во видеоигрите и спас за разресените и празни џебови. Да ги погледнеме.

Клучни зборови:

R7-265 во верзија на Sapphire, “ексклузивецот” на AMD.

Барате разлики помеѓу GTX 750 и GTX 750Ti?

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.