Електроника

Конструирањето квалитетни аудиозасилувачи на моќност во класа Д долго време претставуваше вистински предизвик и за најподготвените самоградители-ентузијасти. Ситуацијата битно се измени во последните 6-7 години со појавата на нови серии интегрирани кола во кои успешно се решени најголемиот број тешкотии врзани со оваа проблематика. Затоа цениме дека сега е вистинскиот момент да прикажеме детално разработен проект за самоградба на моќен засилувач во класа Д, на задоволство на сите љубители на електрониката и на квалитетниот звук.


Аеронаутика

Хеликоптерот Ми-8 е еден од најпознатите и најшироко користените хеликоптери. Неговиот прв прототип полетал во 1961 година и до сега произведени се преку 12 000 примероци во околу 30 верзии. Присутен е на нашето небо речиси 50 години при што има значајна улога во транспорт на луѓе и производи, во спасувачки мисии, во гаснење пожари, во активностите на армијата и полицијата, во обука на пилоти и падобранци и што уште не. Деталите од оваа импресивна сторија дознајте ги од следните неколку страници.


Астрономија и астронаутика

Едно од вечните прашања е: "Дали сме сами во универзумот?". Во овој текст, погледот ќе го насочиме кон едно друго поврзано прашање, а тоа е: "Дали нашите комплексни молекули на земјата се сами?". Најдобриот одговорот на ова прашање го добиваме од областа наречена астрохемија (анг. astrochemistry).


Информатика

На полето на графичките картички, во средната категорија повторно "врие" како во најдобрите времиња. nVidia и AMD ги исфрлија на пазарот адутите од кои очекуваат добра заработка. Последниот збор е на купувачите, кои треба да се одлучат помеѓу GeForce GTX 750/750Ti и Radeon R7-265.


Енергетика

Продолжуваме со системи за ладење, греење и вентилација – основни типови и нивниот принцип на работа. Ќе бидат разгледани методи за едноставно утврдување на тековната потрошувачка на енергија, како и практични мерки и активности што може да се преземат со цел да се зголеми енергетската ефикасност.


Аудио и видеотехника

Роботизираните камери претставуваат нова генерација камерни системи, кои нудат нов и усовршен пристап во продукцијата на телевизиските содржини. Во минатиот број се запознавме со основните роботски системи кои се употребуваат за роботизираните камери, а во ова продолжение ќе се запознаеме со ТВ-камерите и со методите за нивна автоматизација.


Автомобилска техника

Светските резерви на нафта се при крај. Но и да не е така, со оглед на тоа што во моментов околу 90% од вкупните светски енергетски потреби за транспорт ги задоволуваме од нафтата (фосилните горива), јасно е дека загадувањето на природата од нив е на пат да го уништи животот на Земјата. Веќе подолго време се бараат нови извори на енергија. Еден од нив, особено применлив како погон за автомобилите, е и водородот.


Екологија

Со овој текст сакам да го подигнам нивото на размислување и делување за потребата од заштита на водата и, воопшто, заштита на животната средина. Претставени и објаснети се видовите на загадување на водата, изворите на загадување и начините на пречистување на отпадните води. Претставен ќе биде и еден пример за комунална пречистителна станица за отпадни води на градот Кавадарци.


Електроника

Во минатиот број на ЕМИТЕР објавивме напис за регулатор на температура, којшто го решава проблемот за одвод на топлината од електронските системи со активирање вентилатор. Меѓутоа, во написот наведовме дека постојат и обратни решенија, на пр. кај склоповите со кварцен осцилатор, каде што поради стабилноста на фреквенцијата, нужно е "предзагревање" на склопот над температурата на амбиентот, а потоа нејзино одржување на константно ниво. Решавањето на наведениот проблем е тема на овој напис.


Автомобилска техника

Како најефикасно се надминуваат препреките кои стојат пред класичниот off и on road автомобил? Едноставно, со вградување опција која овозможува автомобилот да лета, покрај онаа "основната" – да може да вози по копнен пат. Француската фирма VAYLON развива прототип на такво возило, наречено PEGASE (името на митолошкиот коњ со крила), за кое се заинтересирани и француските вооружени сили. Во текстот што следува, прочитајте повеќе за тоа интересно возило.


Информатика

Едноставноста на десктоп-варијантата на Viber и популарноста на мобилната верзија доведоа дотаму што некои веќе ја сметаат за опасна конкуренција на Skype. Оправдано или не? Решивме да провериме.


Информатика

Поентата од купувањето на ATi полека излегува на виделина. AMD во Kaveri успеа да обедини повеќе различни платформи кои ги развиваше во последниве години, што во целина резултираше со конкурентен и ефикасен производ кој ќе се вградува во сите платформи – десктоп и лаптоп системи, различни вградливи уреди и сервери.


Електроника

Можеби звучи чудно и невообичаено, но ова е еден интересен начин да ја разубавите вашата соба или пријатно да изненадите некого поклонувајќи му го ова интересно фенерче од јајце. Потребна е голема внимателност во изработката, но на крајот ќе бидете горди на производот, а воедно и ќе ги воодушевите пријателите.


Астрономија и астронаутика

Доколку оваа идеја потекнуваше од други физичари, најверојатно таа би била третирана како неоснована, но, бидејќи зад неа стои познатиот теоретичар Стивен Хокинг, идејата мора да е теоретски добро смислена. Според таа идеја, актуелното решение со т.н.


Електроника

Сте посакале ли некогаш да управувате моторче што ќе може да се движи во двете насоки? Или можеби се прашувате на кој принцип можат да се управуваат количињата на батерии, на кои, како мали многу им се радувавме? Во овој напис ќе ве запознаам со едно интегрирано коло, чија функција е токму наменета за управување моторчиња што се користат во многу уреди со кои често се среќаваме.


Електроника

Ако сакате да изградите засилувач кој ќе биде минијатурен, квалитетен, компактен и со мал број на компоненти, со мала номинална моќност и ниска цена - на вистинско место сте. TBA820M ви ги нуди сите споменати карактеристики. Особено е погоден за младите електроничари со помало искуство, затоа што проработува "од прва" и нема никакви нагодувања.


Автомобилска техника

Што е потребно, во секое време, да знаеме за основните нешта од системот за потпирање кај автомобилите, ќе можете да прочитате во текстот што следува. Со збор-два допрени се најважните, т.е. суштествените нешта кои се карактеристични за овој, исклучително важен и сложен систем од секој автомобил.


Омнибус

Сонцето ве исцрпува, ветерот ве раздразнува, а дождот ве фрла во депресија. Ако временските промени имаат влијание на вашето расположение или здравје, тогаш вие сте метеоропат.


Медицина

Главоболката е најчеста од сите болни состојби. Според статистичките податоци од европски извори, секое петто лице има чести или постојани главоболки, за што е потребно дијагностицирање и лекување.


Медицина

Една американска здравствена организација во 2010 година објави список на често препишувани лекови кои се поврзуваат со невообичаено висок број на случаи на насилство. Меѓу нив се и антидепресиви, антипсихотици и стимуланси кои се користат при нарушување на вниманието со хиперактивност.


Хемија

Со имитација на најтешкиот досега познат, биоматеријал би можело да се направат подобри соларни ќелии и батерии. Инспирацијата е добиена од забите на еден вид морски полжав познат под називот gumboot chiton (гумена чизма), со латинско име Cryptochiton stelleri. Оваа нова технологија би можела да доведе до поефективни соларни ќелии и батерии кои брзо се полнат, како и до создавање на наноматеријали отпорни на абење со специфична намена од облека до делови за возила и авиони.


Аудио и видеотехника

Во подготовките на Зимските олимписки игри во Сочи 2014, организаторите воглавно биле фокусирани на модернизација на телекомуникациите, електричната енергија, транспортот на податоци и безбедноста и инфраструктурата во регионот. На игрите се натпреваруваа спортисти во 15 зимски спортови, а секојдневно имало по 98 случувања што е многу повеќе од претходните игри кога такви случувања дневно имало многу помалку!


Роботика

Првото јубилејно издание на семинарот за роботика и вештачка интелегенција наменет за студентите од Македонија и странство заврши со финалниот натпревар одржан на 8-ми март во Домот на АРМ. Организаторите на настанот – студентскиот огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ, ЕЕСТЕК ЛК Скопје и Студентскиот парламент на ФЕИТ успешно ја завршија мисијата за организирање на RoboMac на повисоко ниво од сите претходни изданија.


Биологија

Британските научници неодамна почнаа да пишуваат за симбиоза на растенија и посебни мицелии, вид печурки таканаречени микоризни печурки, кои создаваат многу сложена комуникациска подземна мрежа составена од фини тенки влакна. Оваа мрежа се протега од растение до растение и ги поврзува на големи растојанија кои можат да бидат дури и до неколку километри!


Електроника

Во овој дел од рубриката електроника во кратки црти ви презентираме нови компоненти и настани од светот на електрониката. Се надеваме дека следејќи ги актуелностите од оваа област ќе успееме да ве приближиме кон новите трендови во електрониката, а со тоа ќе добиете и поцеловит увид во производството на "главните играчи" во оваа област со постојан подем.


Омнибус

Нови, ефикасни држачи за вентилатор;
Видеоигри – хоби кое се претвора во болест;
Бош BIFUEL CNG систем;
Пристигна Opera 20 за Android;
Безжичен MP3 плеер кој се контролира со заби;
ПАРКИРАЊЕ ПРЕКУ СМАРТФОН;
Нови SKF лежишта за запчеста летва;
Пронајдена изгубена ајнштајнова теорија;
Истражувачки проект за виртуелна е-мобилност (VEM);
Микробите ќе бидат последните жители на Земјата;
Новиот спортски Opel Astra;


Писма
Изработка на Zapper
Препорачајте ми програма за дизајнирање на ППК