Рубрика: Електроника
Регулатор на температура (2)
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во минатиот број на ЕМИТЕР објавивме напис за регулатор на температура, којшто го решава проблемот за одвод на топлината од електронските системи со активирање вентилатор. Меѓутоа, во написот наведовме дека постојат и обратни решенија, на пр. кај склоповите со кварцен осцилатор, каде што поради стабилноста на фреквенцијата, нужно е "предзагревање" на склопот над температурата на амбиентот, а потоа нејзино одржување на константно ниво. Решавањето на наведениот проблем е тема на овој напис.

Кај речиси сите електронски склопови кои содржат микропроцесори актуелна е регулацијата на температурата, што вообичаено се прави со помош на вентилатор. Во минатиот број на ЕМИТЕР објавивме напис за самоградба на таков регулатор, меѓутоа, тогаш наведовме дека постојат и обратни случаи, како на пример, кај кварцните осцилатори, каде што е нужно температурата на осцилаторот вештачки да се подигне над температурата на амбиентот, а дури потоа таа константно да се одржува на тоа ниво, што на осцилаторот му дава висока стабилност на фреквенцијата на осцилирање. Аналогија на овој случај имаме кај бензиските мотори, имено, за нив е познато дека тие работат оптимално откако ќе се загреат на одредена температурата над температурата на амбиентот, а дури потоа таа температура се одржува на константно ниво. Предмет на овој напис е решавање токму на таков проблем на регулација на температурата кај електронските склопови, кои во себе содржат кварцен осцилатор – со претходно “предзагревање” и потоа одржување на таа температура на константно ниво. Ова коло може да се употреби и за други ситуации каде е потребно предзагревање и одржување на температурата, како на пример инкубатор, одржувач на температура на физиолошки раствор итн.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1408
ИК: LM311, LM335Z, транзистор: IRF830
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.