Рубрика: Електроника
Сензорски регулатор за осветлување
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Различното ниво на осветленост во домашниот амбиент, во зависност од потребите (читање, одморање, гледање телевизија...) е потреба на секојдневието. Недостатоците од класичните регулатори на светло: механичките елементи, хистерезата и генерираните пречки, стануваат минато со изградбата на овој модерен сензорски регулатор. Сензорскиот регулатор освен тоа што обезбедува континуирана физиолошка регулација на осветленоста, го продолжува и животниот век на светилките.

Интегрираното коло s576C е конструирано во PMOS технологија, специјализирано за конструкција на електронски димери или светлосни прекинувачи. Димерот со s576C се одликува со: - Сензорско управување, т.е. управување со допир, без употреба на дополнителни подвижни механички делови. - Физиолошка контрола на осветлувањето, што значи дека светлосниот интензитет не се променува според линеарна напонска карактеристика, туку според логаритамска крива која е во корелација со осетливоста на човечкото око. - Едноставно приклучување во електричната инсталација, на ист начин како обичен механички прекинувач. - Лесна адаптација во класичен прекинувач или регулатор со далечинска контрола. - Непроменливост во интензитетот на осветленоста при прекини на напојувањето со времетраење до 1 секунда. - Голема толерантност кон интерферентни појави. - Можност за нагодување на најмали светлосни интензитети без хистереза. - Мала дисипација и мал број на дополнителни компоненти.

Технички карактеристики:

Моќност на светилката: max 500W; Опсег на регулација: 0 - 100%;

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК402
ИК: s576C;
тријак: BT139G800F
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.