Емитер 5/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Кога зборуваме за прочуени интегрирани кола, некако како да го подзабораваме SG3524, кое веќе цели 4 децении сосема рамноправно се носи со најпопуларните: 741 и 555 и претставува апсолутна референца за една цела област во електрониката: импулсно ширинската модулација (ИШМ). Ние сме тука да му оддадеме заслужена почит за илјадниците успешни решенија со ова ИК.
Самиот поим импулсно ширинска модулација (во понатамошниот текст: ИШМ) некако како да им влева стравопочит на неискусните и недоволно упатените. И двете страни, и оние кои се занимаваат со аналогна електроника и оние со дигитална, некако се "престрашени" со самото споменување на ИШМ и неговиот најдостоен репрезент SG3524. Првите безпричински сметаат дека станува збор за комплексна дигитална обработка на сигналот, додека вторите исто толку безпричински сметаат дека се работи за неверојатно сложена аналогна електроника. И обете создадени слики се многу далеку од реалноста, ИШМ навистина претставува крајно едноставна модулациска техника со која аналогниот сигнал го претвораме во серија импулси со помош на кои можеме да управуваме некој преклопник, на пример. Токму поради својата едноставност, ИШМ најде погодно тло за примена во многу области: во телекомуникациите, во областа на регулацијата на моќност, во струјна и напонска регулација, во претворање на електрична енергија од еден облик во друг. Таа зазема сè позначајна улога дури и во области во кои не сме верувале дека може да има некое влијание, како на пример, во аудиотехниката.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.