Рубрика: Аеронаутика
Хеликоптер Ми-8
Автор: Перица Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Хеликоптерот Ми-8 е еден од најпознатите и најшироко користените хеликоптери. Неговиот прв прототип полетал во 1961 година и до сега произведени се преку 12 000 примероци во околу 30 верзии. Присутен е на нашето небо речиси 50 години при што има значајна улога во транспорт на луѓе и производи, во спасувачки мисии, во гаснење пожари, во активностите на армијата и полицијата, во обука на пилоти и падобранци и што уште не. Деталите од оваа импресивна сторија дознајте ги од следните неколку страници.

Искрено, некако емоционално сум поврзан со хеликоптерот Ми-8, бидејќи моите другари, со кои ја започнав кратката летачка кариера, своето професионално ангажирање го започнаа токму на овој тип хеликоптери. Првпат стапнав во него во Пула, многу одамна, а прв пилот кој ми овозможи поблиску да се запознаам беше токму другар од мојот град, но и човек со кој ја започнавме првата летачка база во 1966 година. На посебна задача со својот екипаж слета капетан Јован Белчевски. Одеднаш го слушнав своето име и неверојатно се изненадив колку е мал светот. Потоа уследи срдечна прегратка и разгледување на внатрешноста на оваа летачка направа, како и запознавање, со екипажот. Навистина бев воодушевен од сознанието дека тој и многу наши македонски пилоти од повеќе возду-хопловни центри летаат токму со овој тип хеликоптери, но и со други типови хеликоптери во рамки на должностите при Министерствата за внатрешни работи низ бивша Југославија, но и во Македонија. Оваа зима помладиот брат на Ми-8, Ми-17, направи неколку спасувачки акции со кои беа извлечени планинари од замрзнатите површини на планинските венци на РМ. Исто така значително помагаат во гаснење на пожарите низ нашата република. Сето ова ме наведе да напишам нешто повеќе за овие воздухоплови со кои нашите пилоти летаат и извршуваат најсложени задачи.

Клучни зборови:

Детаљ од кокпитот на Ми-8

Детаљ од кокпитот на Ми-8

Детаљ од кокпитот на Ми-8

Детаљ од кокпитот на Ми-8

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.