Рубрика: Астрономија и астронаутика
Не постојат црни дупки?
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Доколку оваа идеја потекнуваше од други физичари, најверојатно таа би била третирана како неоснована, но, бидејќи зад неа стои познатиот теоретичар Стивен Хокинг, идејата мора да е теоретски добро смислена. Според таа идеја, актуелното решение со т.н. "хоризонтот на настани" околу црната дупка, всушност гравитациска бариера од која ништо не може да избега, вклучувајќи ја и светлината, е некомпатибилна со квантната теорија, па Стивен Хокинг го исклучува постоењето на хоризонт на настани, а со тоа го исклучува и постоењето на црните дупки, во смисла како апсолутно црни.

Црните дупки се релативно нов тип небесни објекти, коишто се “појавиле” во равенките на Ајнштајновата Општа теорија за релативитетот, и од тогаш тие станале главен предизвик за научниците. Во својата историја науката познава мал број случаи, во кои некоја теорија е толку детално развиена во вид на математички модел, како што е тоа случајот со теоријата за црните дупки пред да се докаже дека таа е реално точна. Голем удел во конструкцијата на современата теорија за црните дупки му припаѓа на познатиот теоретичар Стивен Хокинг (Stephen Hawking), физичар на Универзитетот во Кембриџ, Велика Британија. Црните дупки современата теорија ги третира како трајни финални продукти, во чија близина владее огромна гравитациска привлечна сила, од која ништо, па ниту светлината не може да избега од одредено растојание од дупката, наречено “хоризонт на настани”, па затоа тие се невидливи, и од таму нивниот назив “црни дупки”.
Меѓутоа, тоа е така ако тие се третираат од аспект на Општата теорија за релативитетот, но гледајќи ги од аспект на квантната физика, кај нив се појавуваат извесни парадокси.
Па, да ги разгледаме парадоксите!

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.