Рубрика: Астрономија и астронаутика
Курс за црни дупки
Автор: Н Н
Објавено на 08.05.2017 - 18:27

Астрономскиот центар Орион организира курс за ЦРНИ ДУПКИ. Предавањата ќе се одржат во 3 термини со почеток во четврток, 11 мај во 20:00 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје.
Подготвени се 8 предавања од области што ги допираат екстремните појави на црните дупки. Курсот е осмислен да биде од популарен карактер, што значи дека за негово следење не се потребни предзнаења.
Преку овој мини курс ќе се запознаете со сите најважни појави што ги карактеризираат овие фасцинантни космички објекти, начинот на нивното создавање, директни и индиректни набљудувања, нивниот надворешен изглед во разни средини и како овие „црни“, невидливи објекти ги предизвикуваат најсјајните појави во Универзумот кои се билиони пати посветли од ѕвездите на нашето небо.
За повеќе информации и пријавување погледнете на: http://www.orion.mk/crni-dupki.html

Кристијан Шишковски

Клучни зборови: