Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Нови, ефикасни држачи за вентилатор;
Видеоигри – хоби кое се претвора во болест;
Бош BIFUEL CNG систем;
Пристигна Opera 20 за Android;
Безжичен MP3 плеер кој се контролира со заби;
ПАРКИРАЊЕ ПРЕКУ СМАРТФОН;
Нови SKF лежишта за запчеста летва;
Пронајдена изгубена ајнштајнова теорија;
Истражувачки проект за виртуелна е-мобилност (VEM);
Микробите ќе бидат последните жители на Земјата;
Новиот спортски Opel Astra;
Подводни живеалишта за иднината;
Cambridge Audio Dacmagic XS;
2014 – меѓународна година на кристалографијата;
Нанодијаманти како идни дентални имплантанти;
Антикорозивна заштита за главчини

Паркирање преку смартфон
Сите оние што возеле автомобил со приколка знаат колку е тешко паркирањето на автомобилот, особено при маневрите во рикверц (возење наназад), што речиси е задолжителен маневар при паркирањето. Фирмите ZF и Bosch ги здружија силите и успешно тестираа прототип на автомобил со приколка при маневрите за паркирање.
Идејата е оригинална. Потребен е смартфон со екран на допир. Изработен е софтвер кој ги коорди-нира сите активности со управувањето на автомобилот без присуство на возачот. Возачот е надвор од автомобилот, го надгледува и го управува целиот процес на паркирање преку смартфонот. На екранот од смартфонот прикажан е автомобилот од птичија перспектива со неговата приколка во актуелната положба кога возачот го напуштил автомобилот. Сè што треба да направи возачот кој е надвор од автомобилот е со прстот на екранот да ја занесе настрана во посакувана положба предницата на автомобилот или приколката. Потоа, го става автомобилот во прва брзина или во рикверц (во зависност од маневарот кој сака да се изведе), и сè останато е работа на автоматиката. Тоа значи дека автомобилот сам се задвижува и управува во зададениот правец, маневрира сè додека не ја постигне положбата која била зададена преку смартфонот, т.е. зададениот агол меѓу автомобилот и приколката. Со неколку последователни маневри (по потреба), автомобилот со приколката прецизно, брзо и успешно, уште при првиот обид самостојно се паркира во зададената положба.
Се разбира, ова е пилот-проект кој го нудат ZF и Bosch. Неговата примена во сериските автомобили зависи од процената на автомобилските брендови за комерцијален успех и, воопшто, од можностите и условите за успешна реализација на овој потфат како сериско производство применет на автомобилите. Тоа значи дека на потег се автомобилските брендови.
Томе Скендеровски

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.