Емитер 3/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во подготовките на Зимските олимписки игри во Сочи 2014, организаторите воглавно биле фокусирани на модернизација на телекомуникациите, електричната енергија, транспортот на податоци и безбедноста и инфраструктурата во регионот. На игрите се натпреваруваа спортисти во 15 зимски спортови, а секојдневно имало по 98 случувања што е многу повеќе од претходните игри кога такви случувања дневно имало многу помалку! Количината на безжично пренесени податоци во Сочи била толку голема, што изгледало дека воздухот е полн со податоци. Заштитата била многу голема, така што во случај на нешто сомнително или неовластено, врската веднаш автоматски се прекинувала.
Прочитајте го понудениов текст. Во него има интересни податоци од повеќе аспекти.
XXII Зимски олимписки игри, Сочи 2014, ќе бидат запаметени по многу нешта. Прво, тие се досега најскапите Олимписки игри. Се оценува дека за нив Русија потрошила 51 милијарда долари, што е над 4 пати повеќе од претходните Зимски олимписки игри кои се одржаа во Ванкувер, во 2010 година, и чинеле само 12 милијарди долари. Претходните прогнози биле дека ќе чинат околу 44 милијарди долари, колку што чинеа Летните олимписки игри во Пекинг, кои се сметаа како дотогаш најскапи. Трошоците воглавно се зголемиле поради зголемувањето на трошоците за безбедност, заради корупција (!), поради обезбедување и контрола на геј и лезбејските протести на одредени спортисти, но и гледачи, но и поради веќе пробирливиот и истенчен вкус на гледачите кој денес е многу попрефинет и за негово задоволување треба многу повеќе пари!
Во подготовките на Зимските олимписки игри во Сочи 2014, организаторите воглавно биле фокусирани на модернизација на телекомуникациите, електричната енергија, транспортот и инфраструктурата во регионот. На игрите се натпреваруваа спортисти во 15 зимски спортови, а секојдневно имало по 98 случувања, што е многу повеќе од претходните игри кога такви случувања дневно имало многу помалку!
Но, целта и намерата на овој напис е, пред сè, да ја прикаже техничката поддршка и покриеност на игрите, која по осми пат му била доверена на Sony. Па, да почнеме по ред.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.