Денес во 19 часот, истовремено на дигиталните продавници Steam и Xbox, во продажба ќе се појави вториот дел од играта „The Strange Story of Brian Fisher". Оваа видео игра претставува 100% Македонски производ, од концепт и креативната визија на охриѓанецот на заем во Скопје – Ристе Тутурески, неговата фирма Intetic, како и талентираниот тим на KAMAi MEDIA во Битола. Играва беше тестирана од Македонски тим во Indium Play во Скопје. Вистински пан-Македонски потфат!
Една од малкуте видеоигри кои можат во целост да се играат со македонска нарација и македонски текст.
Играта е производ на повеќегодишен ангажман на сите овие тимови. Секој пиксел, секоја загатка, секоја линија текст е направенa во Македонија. Дури и дел од нарацијата на англиски јазик е направена од македонци кои живеат во странство.
Ако некогаш имало игра која го заслужува сонценцето „Made in Macedonia", ова е таа игра.
Играта нема насилство, нема убивање, нема содржина за возрасни. Може ја играат луѓе на возраст од 7 до 77 години. Приказната е интересна, а загатките се со добро осмислен предизвик.
Вечер од 19 часот па натаму, можете играта да ја купите и даунлоадирате на вашиот компјутер или XBOX. Работи и на компјутери кои се неколку години стари, значи направена е за да може да се инсталира било каде.
Ние тука во Македонија, пораснати во оваа или онаа форма на социјализам, пошто се познаваме меѓу себе, очекуваме да добиваме производи произведени тука бесплатно. Тоа нè убива, особено во доменот на културолошките потфати каков што е и оваа игра. Оттаму, очекуваме играва набрзо да се појави и во пиратско издание, како и сите други игри.
Токму затоа, ве повикуваме вечерва да ја ѕирнете играва на дигиталните платформи од каде таа може да се купи, и ако ви се чини како нешто што вам би ве интересирало или пак е интересно за некој ваш познаник или член од вашата фамилија, ферски купете си ја и даунлоадирајте ја. Поинаку кажано, гласајте со вашите новчаници – поддржувајте локални производи. Така се поддржуваат индустриите од кои сакаме повеќе да видиме во Македонија.
Споделете ја информацијата со вашите роднини и пријатели во дијаспората. Оваа игра е одличен контраст на стандардните игри кои глорифицираат насилство или тренираат само рефлекси. За играње на оваа игра е потребно креативно размислување.
Играта може да се купи на следниве линкови: