Емитер 4/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Обидете се да го замислите животот без часовник. Точното време е составен дел на нашето секојдневие. Насекаде сме опкружени со часовници и еден повеќе никогаш не пречи. На пример, дигитален со интегрираното коло LM8560. Направете го со помош на овој проект.
Интегрираното коло LM8560 е специјализирано коло наменето за изработка на дигитални часовници со аларм или радиочасовници. Во неговото 28-пинско SDIP куќиште се сместени сите потребни потсклопови за нагодување и мерење на тековното време, како и 13 драјвери за директно побудување на четири седумсегментни дисплеи со заедничка катода во дуплекс конфигурација. Дисплеите го прикажуваат тековното време, при што две цифри се наменти за приказ на часовите, а другите две за приказ на минутите. Тековното време може да биде прикажано во 24-часовен или во 12 часовен AM/PM приказ. Освен тоа, колото ги овозможува и следните функции: - едноставно нагодување на минутите и часовите; - приказ на минутите и секундите наместо часовите и минутите; - активирање на звучен аларм со 24-часовна контрола; - повеќекратно одложување на активираниот аларм со период на одложување од десетина минути (функција на дремење); - тајмер за спиење со времетраење од 59 минути, односно еден час и 59 минути. Нагодувањето на тековното време, како и активирање, односно деактивирање на основните и дополнителните функции се врши со истовремена промена на напонската состојба на еден или повеќе изводи на интегрираното коло. Високиот степен на интеграција на LM8560 во која се вклучени сите неопходни бројачи, компаратори, декодери, делители, милтиплексери, драјвери и соодветен интерфејс овозможуваат реализација на дигитален часовник со минимален број надворешни компоненти. Наместо со надворешен такт-генератор, фреквенцијата од 1Hz потребна за работа на часовникот се добива од мрежната фреквенција преку интерен ланец на делители. На алармниот излез на колото се генерира аудиосигнал со фреквенција од 900Hz, така што за звучниот аларм не се потребни никакви дополнителни компоненти освен една обична пиезоелектрична зујалка. За реализација на сите основни и дополнителни функции што ги овозможува колото се потребни само шест минијатурни тастери. Напонот за напојување на колото не мора да биде стабилизиран. Часовникот може да работи со кој било нестабилизиран напон помеѓу 7,5V и 14V, при што сопствената потрошувачка на колото е многу мала. Со еден збор, изработката на дигитален часовник со LM8560 навистина е едноставна.
ИК: LM8560; Дуплекс дисплеј ELC-637-24H/S50 или дуплекс дисплеј со LED диоди (ППК1012); Минијатурни тастери; LED диоди од 3mm
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.