Електроника

Обидете се да го замислите животот без часовник. Точното време е составен дел на нашето секојдневие. Насекаде сме опкружени со часовници и еден повеќе никогаш не пречи. На пример, дигитален со интегрираното коло LM8560. Направете го со помош на овој проект.


Електроника

Автоматската контрола на осветлувањето, загревањето, разладувањето и на останатите инсталации (функции) во домот, од еден централен контролер, не е веќе само луксуз, туку може да помогне и во заштедата на енергијата. Постојат повеќе вакви системи, од кои позначајните ќе ги разгледаме во овој и во наредниот број на ЕМИТЕР.


Аудио и видеотехника

Постојат неколку елементи кои треба да се разрешат пред да се селектираат опремата и технологијата потребни за во едно студио во кое се сака видеопродукцијата да биде "tapeless” од почеток до крај или попознато меѓу бродкастерите како "end-to-end". Во текстов се изнесени некои од најбитните перформанси на кои треба да се посвети внимание, за да се добие соодветно или што е можно подобро решение.


Информатика

Како и сите други оперативни системи на Microsoft, така и Windows 7 има свои затскриени опции, до кои обичниот корисник потешко доаѓа. Во овој напис ќе ви претставам некои од нив, па така ќе можете да го забрзате вашиот оперативен систем и да ги подобрите неговите перформанси, стабилност и сигурност при работата. Исто така, во текстот што следува ќе пронајдете и некои позначајни новитети кои ќе ви користат при работа со новиот оперативен систем.


Астрономија и астронаутика

Дали се можни промени на орбитите на планетите во Сончевиот систем со последици на судири помеѓу планетите? Според една суперкомпјутерска симулација, денес на тоа прашање научниците одговараат со "да"! Колкава е веројатноста тоа да се случи и која е причината за таквата судба на Сончевиот систем?


На граница на науката

На оваа наша планета само мозокот на човекот е обдарен со свеста. Но, дали покрај свеста, која сите ние знаеме што е – но ни е многу тешко да ја дефинираме и објасниме, постои и нешто друго? Некои истражувачи тврдат дека покрај секојдневните, добро познати активности на мозокот, тој е способен и за примопредавање на мисли на далечина – телепатија. Дали телепатијата е докажана работа, и ако е, што е тоа во мозокот (или во телото) што го овозможува тоа?


Медицина

Дијадинамските струи се еднонасочни нискофреквентни импулсни струи со полусинусоидален облик. Тие се состојат од серија на различно модулирани импулси според фреквенција, интензитет и амплитуда. Тераписките дејства врз организмот се: аналгетско, симпатиколитично дејство, предизвикува вазодилатација, хиперемија, ја подобрува трофиката на ткивата и ја подобрува ресорпцијата на отокот и хематомот, го намалува тонусот на попречно пругастата мускулатура.


Архитектура и градежништво

Топлинската изолација на фасадите (КСиНТИ) е релативно скапа инвестиција и ваквите фасади треба да се во функција колку и животниот век на зградата или барем 30 - 40 години. Два се предуслови за исполнување на ова барање: испорака на составните компоненти со атест за квалитет според стандардите и изведба на изолацијата според пропишаната технологија. Во Македонија најчест случај е неисполнување ни на еден од овие услови.


Информатика

Мноштвото формати кои постојат кај дигиталните слики како да внесуваат повеќе забуна одошто квалитет, а нивното непознавање често води кон поразителни резултати. Некои од нив потекнуваат навистина од самите почетоци на дигиталното меморирање битмапи, како што е случај со TIFF и се одржале сè до денешен ден само благодарејќи на антагонизмот меѓу лиценцираниот и ‘слободниот’ (open source) софтвер.


Автомобилска техника

Замајците со дводелна маса се од понов датум и се застапени само кај некои од современите дизелски мотори (common-rail, пумпа шприцалка, директно повеќестепено вшприцување и сл.) и поретко кај некој од современите бензински мотори со поголема зафатнина наменети за поголемите луксузни возила и камионети. Ќе се ставам во улога на проектант и ќе ги изнесам моите размислувања за тоа како од обичен (едноделен) замаец ќе се дојде до замаец со дводелна маса.


Информатика

Денешните употреби на компјутерите се бескрајни, но една од поважните претставува користењето на компјутерот како мултимедијален џубокс, т.е. средство преку кое ги гледате омилените филмови, ги слушате омилените песни и ги прелистувате омилените албуми со слики. Да видиме како со помош на користење на слободен софтвер, исто така, може да уживате во светот на мултимедијата.


Аеронаутика

Пред повеќе од 25 години јас и брат ми Николче Поповски имавме идеја да изработиме авион во самоградба што на овие простори во тој период беше само илузија. Но она што овде не успеавме двајцата, тој успеа сам да го направи, да реставрира и да полета со авион од типот Тејлоркраф Л2-М во САД, каде живее повеќе од 22 години. Му беа потребни 8 години макотрпна работа – од прибирање на автентична документација и планови, преку целосна реставрација до првиот лет направен на 24.01.2010.


Астрономија и астронаутика

Немезис е името на едно далечно, но сепак на момент многу блиско небесно тело со чудна траекторија која наговестува дека може се работи за помал брат на Сонцето, кој никогаш не станал ѕвезда па затоа невидлив демне од краевите на досега познатиот Сончев систем.


Астрономија и астронаутика

Во американското научно списание “National geographic” излезе многу интересен шематски приказ на историјата на нашиот свет: хронолошки редослед на најглавните настани во текот на целата негова историја, долга приближно 5 милијарди год., "сместен" во временски интервал од само една календарска година, што на приказот му дава особено голема прегледност. Идејата е на астрофизичарот Хајнрих Зидентопф (Heinrich Siedentopf). Ќе го проследиме тој интересен приказ.


Омнибус

Веројатно многумина од вас не знаат дека многу нешта без кои денес не би можеле да живееме доаѓаат токму од муслиманските земји и култура. Така, на пример, муслиманскиот пронаоѓачот Абас ибн Фирнас, во 9-тиот век во Шпанија ја дизајнирал првата летачка машина, сто години пред Леонардо да Винчи да ја скицира неговата идеја за летало.


Автомобилска техника

Секоја сериозна фирма за спортски и тркачки автомобили ги опремува своите возила со програми (тоа се, пред сe, мехатронички помагала) кои асистираат при управувањето на автомобилот, особено кога се работи за спортско возење и трки (слични програми имаат и некои од луксузните патнички автомобили).


Електроника

Во овој напис се прикажани асинхроните бројачи со разни модули, начинот на нивното формирање и принципот на броење. Меѓу нив е и декадниот бројач.


Електроника

Уредот стробоскоп, кој ви го нудиме во овој проект, е наменет за светлински ефекти во игротеки, дискотеки, рекламни излози, а може корисно да послужи и како алармен уред за предупредување при разни опасности. Со помош на потенциометар може да се регулира фреквенцијата на блесоците од 1 до 10 блесоци во секунда.


Електроника
Електрична шема на трепкачот пријатен за око

Вообичаените трепкачи за предупредување со LED диоди, обично работат на принцип на мултивибратор, кој, како што е познато, генерира импулси со речиси правоаголна форма, што предизвикува "скоковита" промената помеѓу палењата и гасењата на светилката. Но, ваквата "скоковита" промена може да биде непријатна за око, па може да создава иритирачко расположение кај набљудувачите!


Електроника

Во оваа апликација претставен е исклучително едноставен аудиозасилувач изведен со интегрираниот аудиозасилувач TDA7052 произведен од Philips. Ова интегрирано коло ги содржи сите потребни компоненти за изведба на едноставен аудиозасилувач со максимална излезна моќност од 1W при употреба на звучник со импенданса од 8Ω. Карактеристично за овој засилувач е што за негова работа практично нема потреба од надворешни компоненти.


Информатика

Во пресрет на скорешната промоција на најновиот шестјадрен процесор на AMD, MSI ја претстави првата матична плоча наменета за него.


Електроника

LMV1089 е двоен микрофонски засилувач со систем за потиснување на бучава и автоматски систем за калибрација од фамилијата PowerWise на National Semiconductors.


Електроника

Ако имате некој мал уред на батериски погон, а сакате да го употребувате со директно напојување од наизменичната (AC) мрежа 230V, тогаш пред вас стојат две можни опции: мрежен трансформатор за приспособување на напонот, или капацитативен делител на напонот. Која опција да ја изберете? Ако се работи за мали потрошувачи, до 50mA, тогаш капацитативниот делител има предност во однос на трансформаторот, поради неговите многу помали просторни димензии.


Телекомуникации

Одржувањето радиоврски на оддалеченост од неколку илјади километри е остварливо со радиоопрема која тежи помалку од два килограма и која зафаЌа само дел од просторот во мал ранец за еднодневно планинарење. Природните закони за простирање на електромагнетните бранови овозможуваат радиокомуникација на кусобрановото фреквентно подрачје на големи дистанци со употреба на мала излезна моЌност и едноставни ниско поставени антени.


Информатика

За добар звук не мора секоја картичка да биде Creative. Доволно е да го има барем Creative чипот. И инженер аудиофил да ја обмисли!


Информатика

Како да се запаметат повеќето контакт детали од една иста личност? Како да се организираат купот контакти напишани на ливчиња? Како да се заштитат од губење? Повикајте го ПОКЕН на помош!


Фототехника

Квалитетни снимки, мноштво опции за уредување на фотографиите и сценски модови – доволно адути за висока препорака на PENTAX OPTIO P80! Поради ултракомпактните димензии може да се смести в џеб и секогаш да биде при рака ако притреба. А дизајнот на куќиштето ќе ги задоволи вкусовите и на тие на кои овој момент им е битен. Сепак, најважно е – што е спакувано во ова минијатура?


Омнибус

Bing продолжува со успехот;
Нов биокомпозит;
Lenovo со нова серија монитори;
Приказна за два дигитални часовници;
Нови фотографии од LPO;
Иднината е во интероперабилноста;
Човечкиот мозок прима 34 гигабајти информации дневно;
Intel Gulftown - првиот шестјадрен десктоп процесор;
Убави вести за оние кои имаат проблеми со видот;
Најекстремен бинарен ѕвезден систем;
LED тетоважа;
Три решенија за читање во темница;


Писма
Издржливост на робустниот засилувач и примена на степ мотори
Сервисирање на Dynacord Powermate 1600
Машина за сечење стиропор