Емитер 4/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Уредот стробоскоп, кој ви го нудиме во овој проект, е наменет за светлински ефекти во игротеки, дискотеки, рекламни излози, а може корисно да послужи и како алармен уред за предупредување при разни опасности. Со помош на потенциометар може да се регулира фреквенцијата на блесоците од 1 до 10 блесоци во секунда.
Уредот кој ви го нудиме за самоградба содржи блиц-цевка исполнета со гасот ксенон под многу мал притисок, на кои им е својствено да можат да станат спроводливи под дејство на надворешно влијание. За да се случи тоа, нужно е да бидат исполнети два услови: прво, мора да постои погонски напон од неколку стотини волти на приклучоците на цевката, и второ мора да се доведе напон од неколку илјади волти на една дополнителна помошна електрода, надворешно поставена на цевката, која има функција на "окинувач" (trigger). Ако се исполнети тие два услови, гасот во внатрешноста на цевката ќе јонизира под дејството на напонот на "окинувачот" и цевката ќе стане спроводлива со многу мал внатрешен отпор, речиси еднаков на нула. Како последица од малиот отпор, нормално дека низ цевката ќе потече огромна струја, која може неа да ја разори ако струјното коло итно не се прекине. Но, не се грижете за тоа, кај склопот кој ние ви го нудиме таква хаварија не може да се случи, бидејќи блиц-цевката користи напон од наполнетите кондензатори (C2+C3), кој веднаш ќе се испразни кога цевката ќе биде спроводлива, па струјното коло се прекинува само од себе. Ефектот од сето тоа е, блиц-цевката само светнува со голем блесок (blic) и веднаш потоа се гаси. Потоа кондензаторите C2+C3 релативно полека повторно се полнат за следниот циклус. Напонот за "окинување" на блиц-цевката (тригер-напонот) се добива од посебно струјно коло.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.