Рубрика: Електроника
ЛЕД стробоскоп за автомобил
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


За правилна работа на бензискиот мотор не е потребна само квалитетна искра, туку и "искра во прав момент". Додека квалитетот на искрата е предодреден од високонапонскиот и дистрибутивниот систем на палењето (платина, кондензатор, бобина, разведувач на палењето, свеќички), појавата на искра во право време зависи од правилно нагодениот агол на претпалење. Со помош на електронски уред кој синхронизирано, брзо и краткотрајно ја осветлува реперната ознака на палењето на моторот, може да се добие моментална и точна претстава за нагоденоста на аголот на претпалењето на бензискиот мотор. Доколку аголот на претпалење не е правилно нагоден, тоа резултира со зголемена потрошувачка на гориво, намалување на вртежниот момент и моќноста на моторот, тешко стартување, зголемено абење на материјалите и со тоа и намален век на моторот. Употребата на стробоскоп ја прави поточна и ја овозможува постапката на точно нагодување на аголот на претпалење.

Со стробоскопски ефект може на едноставен и брз начин да се контролира аголот на претпалење при работата на бензиски мотор, како и дејството на центрифугалниот и вакуумскиот регулатор врз аголот на претпалење. Доволно е краткотрајно да се осветли местото на скалата (неподвижниот дел на блокот и подвижната ременица) на моторот каде што е лоцирана реперната точка и таа ќе мирува поради стробоскопскиот ефект во моментот на палењето на првата свеќичка од која се зема импулс за тригерирање.
За примената на стробоскопскиот ефект во автомобил при нагодување на аголот на претпалење, за првпат е пишувано во Емитер број 10/1997. Овај стробоскоп го изградив и го сместив во куќиште од неисправен фен. Стробоскопот е сè уште во примена, а за извор на светло користи flash блескалка (блиц ламба) од стар фотографски блиц. По неговата долгогодишна експлоатација во контролна и сервисна примена, констатирав дека најголемиот број на возилата немаат правилно нагоден агол на претпалење според сервисното упатство. Сигурно мајсторите кои им ги сервисирале возилата имале развиен слух. :)
Неможноста за остварување на желбата на моите пријатели да изградат свој стробоскоп за автомобилот, поради тешкотиите со пронаоѓање на блиц блескалка, ме инспирира да изградам стробоскоп кој како извор на светло ќе користи лед диоди кои се евтини и лесно можат да се најдат во трговијата.
Како и да е, кој и да е извор на светло во употреба, принципот и бараните услови од стробоскопската блескалка за автомобил се исти: брз и краток блесок со доволно јак интензитет (брзо да блесне и брзо да угасне), синхронизираност со високиот напон на првата свеќичка и негова висока осетливост за тригерирање, отпорност кон надворешни пречки и работа на напонот од акумулаторот од возилото од 10 – 15V.
Принципот за работа е идентичен кај сите светлосни уреди за забавување на брзите настани при ротациско движење и за нагодување на аголот на претпалење: со интермитентно краткотрајно осветлување на реперната ознака на подвижниот дел од моторот (ременицата) се добива визуелен впечаток дека тој дел мирува во непосредна близина на реперната ознака на неподвижниот дел на блокот на моторот. Со нивно позиционо совпаѓање се нагодува оптималното време (timing), т.е. аголот на претпалење. Важно е времетраењето на блесокот да биде доволно кратко за да се добие остра "слика на неподвижност" на реперната ознака, во спротивно маркерот би изминал поголем пат по кружната траекторија на ременицата и би се добила "заматена" слика. Недоволната краткотрајност на светлосниот блесок може да се реперкуира и при тестирањето при поголем број на вртежи кога светлосните блесоци ќе се слеат во еден поради непостоење на "темна" фаза помеѓу нив.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1136
Печатена плочка: ППК1137

ИК: CD4098, CA3240
бели ЛЕД диоди

 
Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките

Лед стробоскопот во изведба на читателот Јован Шикалоски од Охрид

Проектот во изведба на нашиот читател Јован Шикалоски од Охрид

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.