Рубрика: Електроника
Дигитален бројач на вртежи на автомобилски мотор
Автор: Драган Јовановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/1999.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Електрониката е сè поприсутна во секојдневниот живот, а живеењето станува многу поудобно. Во автомобилската индустрија таа навлегува со сè поголема брзина. Достигнувањата во контролата на моторот, како и на механиката, се граничи со совршеност. Во најголем дел од нашите автомобили нема вградено ама баш никаква електроника, која би контролирала некој дел од работата на автомобилот. Кај автомобилите кои не се од најнов тип нема вградено визуелна индикација за бројот на вртежи. Ова сопствениците на автомобили ги прави хендикепирани во однос на сопствениците на автомобил од поновите генерации. Покрај индикаторот на состојбата на акумулаторот и електронското палење, дигиталниот бројач на вртежи претставува еден од поважните инструменти во автомобилот. Овој уред го покажува бројот на вртежи на автомобилскиот мотор на два седумсегментни дисплеи.

Бројот на вртежи е прикажан како двоцифрен број, т.е. за 4836 вртежи во минута ќе биде прикажано само 48. Оние 36 се изоставени бидејќи точноста до 4800 вртежи е доволна. Изведба на бројачот со четири цифри не е многу оправдана бидејќи бара уште многу дополнителни елементи. Од друга страна од едно покажување до следното бројот на дисплеите многу се менува и уредот станува непрактичен. Бројачот со две цифри, кои лесно се читаат, е најдобриот компромис во автомобилот. Точноста на дигиталниот бројач е поголема од онаа на бројачот со стрелка. Можеби дигиталните бројачи не се спортски како бројачите со стрелка, но изгледаат многу посовремено.

За дисплеите не е направена ППК бидејќи истите се монтираат одвоени од матичната плочка, т.е. на погодно место на кокпитот.

На крај уште еднаш: бидете внимателни со дупчењето, поставувањето на елементите и лемењето и успехот е загарантиран. Досега на истиот начин се направени триесетина бројачи и сите проработиле “од прва”.

Исправки и дополнувања:
Дигитален бројач на вртежи (Е 6/99)

Во предпоследниот ред на стр. 20 погрешно е отчукана вредноста на кондензаторот - наместо 2,2nF/400V треба да стои 2,2µF/400V.


Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК531

Интегрални кола: CD4511, CD4518, CD4011

лед дисплеи со заедничка катода

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.