Аудио и видеотехника

Напредокот на компјутерската технологија овозможи раѓање на сосема нови области, кои се во блиско сродство со компјутерите. Мултимедија е една сложена целина на компјутерска, аудио и видео техника.


Електроника

Електрониката е сè поприсутна во секојдневниот живот, а живеењето станува многу поудобно. Во автомобилската индустрија таа навлегува со сè поголема брзина. Достигнувањата во контролата на моторот, како и на механиката, се граничи со совршеност. Во најголем дел од нашите автомобили нема вградено ама баш никаква електроника, која би контролирала некој дел од работата на автомобилот.


Електроника

Овој електронски уред има единствена намена: подобрување на фреквентната карактеристика при репродуцирањето и снимањето на музичкиот материјал, по пат на демагнетизација на тонската глава на магнетофонот, односно на касетофонот.


Аудио и видеотехника

Ќе речете - на кого му е дојдено до музика, кога тука во наша непосредна близина се случува војна (се случува барем додека ги пишувам овие редови). Ама чудна сорта сме ти ние аудиофилите. Голема вистина е дека "лошите навики" тешко умираат и како тоа сега на некого му дошло да ужива во музиката кога над главата му татнат авиони, а на само неколку километри паѓаат ракети и бомби врз луѓе кои никому ништо не му сториле, но тоа е друга тема. Сепак во право сте.


Електроника

Во овој напис ќе биде опишан проект на уред со чија помош на брз и едноставен начин се отстрануваат дефектите во аудио уредите. Пред неколку години во ова списание беше опишан ист ваков уред кој е наменет главно за сервисерите на аудио опрема. Во тогашниот инструмент покрај сигнал трасерот беше опишан и сигнал инјектор, инструмент кој го надополнува сигнал трасерот.


Информатика

Дали брзиот напредок на комјутерите и брзината на процесорите ќе овозможат изработка на мали компактни инструменти во кои ќе бидат сместени само претварачите на мерните величини и D/A конверторите, за понатаму сето тоа компјутерски да се обработи и да се добие мерената величина на мониторот од компјутерот. И дали истите ќе можат верно да ги заменат досегашните гломазни и скапи инструменти. Ова прашање си го постави авторот на овој текст и се впушти во авантура да го испита случајот.


Електроника

Детекцијата на присуство на светлина или мерењето на нејзиниот интензитет со електронски кола вклучува употреба на соодветни фотоелектрични елементи. Овде ќе бидат претставени неколку фамилии оптички сензори изработени во LinCMOS технологија, која обезбедува подобрена стабилност на офсет-напонот на засилувачките степени и мала потрошувачка на моќност.


Електроника

За интегрираниот тритонски гонг SAB 0600 веќе е пишувано на страниците на ова списание. Поради тоа во овој број нема да се навраќаме на неговите карактеристики, туку ќе прикажеме уште два од многуте можни споеви на ова интегрално коло.


Електроника

Денес постојат разни изведби на авто- -аларми, почнувајќи од наједноставните со прекинувачи на вратите, па сè до најсложени микропроцесорски, со ултразвук и слично. Но, како што знаете, ниедна од овие изведби на може да се примени кај мотоцикл или скутер, со што вашиот миленик на две тркала е оставен на милост и немилост на несовесните "позајмувачи".


Електроника

Многу читатели ни бараа проекти и шеми за засилувачи со електронски цевки. Им ја исполнуваме таа желба со оваа серија теоретски написи и практични проекти, но заинтересираните треба да имаат на ум дека електронските цевки работат на ВИСОК НАПОН кој е ОПАСЕН ПО ЖИВОТ, така што проектите што ќе бидат објавени се наменети САМО за поискусните електроничари. Во ова продолжение од серијалот тема ќе бидат: single ended пентоден засилувач и push-pull засилувачите (триоден, тетроден и пентоден).


Телекомуникации

За автоматизација на многу индустриски процеси, неопходно е препознавање на предмети и објекти. Врз основа на тоа препознавање се извршуваат разни сложени операции. За да се изврши вистинската операција, неопходно е точно утврдување на идентитетот на соодветниот објект. RFID системите веќе наоѓаат масовна употреба во светот. На многу места, каде што се бара евидентирање и следење на разни предмети и објекти, денес се користи RFID технологија.


Телекомуникации

VX-5R е најмалиот рачен tri band FM примопредавател кој моментално може да се најде на светскиот пазар. Овозможува работа на 144MHz, 430MHz и 50MHz. Откако групацијата ICOM претходно се појави на пазарот со својот минијатурен три бандер IC-T8A (кој ги покрива истите подрачја како и YAESU VX-5R), се чинеше дека светскиот лидер во производство на радиоаматерска опрема YAESU, почна да ја губи својата популарност.


Електроника

Овој дел на курсот по практична електроника продолжуваме со испитување на биполарни транзистори. Потоа ги разгледуваме транзисторите со ефект на поле и структура и принцип на работа на JFET.


Омнибус

Дипломи: "Warzawa 2000 award", "USA 300 club award”; Резултати од КБ-натпреварот "Гоце Делчев" - 1999 година; Правила за УКБ натпреварот "Гоце Делчев": начин на бодување и награди; Книги; IC - 706 MK II G


Омнибус

Wilson Benesch Bishop; NAD SilverLine S300/S500; Dynaudio evidence; Densen DM - 10; Time-lapse video recorder; Електрониката на интернет; FT - 100; DVD форматот предизвик за VHS; Нови процесори од Intel; Мултитрак дигитален аудиорикордер; 40-та градска смотра на млади техничари и природници; 18-ти државни натпревари на ЕМУЦ-ите


Писма
Фото зујалка