Рубрика: Електроника
Демагнетизатор за магнетофонска глава
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/1999.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Овој електронски уред има единствена намена: подобрување на фреквентната карактеристика при репродуцирањето и снимањето на музичкиот материјал, по пат на демагнетизација на тонската глава на магнетофонот, односно на касетофонот.

При процесот на магнетно регистрирање на звукот се користат магнетните особености на некои материјали. Според магнетните особини материјалите ги делиме на магнетни и немагнетни. Најважни материјали од првата група се феромагнетиците, кои служат како материјал за изградба на јадрото на магнетофонските глави.

Денес магнетофонските глави се изработуваат од муметал, пермалој и ферит. Недостаток на главите од муметал и пермалој е тоа што лесно влегуваат во заситување, брзо се трошат и брзо се магнетизираат (веќе после сто-часовна репродукција се забележува пад на фреквенциите над 10kHz дури за 18dB). Со додавање на молибден, се зголемува отпорноста кон магнетизација. Вака направените магнетофонски глави стануваат полесно трошливи и им се намалува  бројот на работни часови за 20-30%. Овај недостаток успешно бил компензиран со иновацијата на GX главите од страна на концернот AKAI. Ваквиот вид на глави имаат пресвлекување на допирната површина на главата со филм од материјал сличен на стакло.

Главите од ферит, заради својата механичка неотпорност и тешката технологија на обработка, се резервирани само за технолошки напредните компании, кои со посебни методи и скапи материјали што се држат во строга тајност, ги елиминираат недостатоците на овој материјал и го претвораат во материјал за изработка на професионални магнетофони Revox, Teac, Nagra, Nacamichi...

Најдобри особини на магнетофонските глави, успеал да направи Nakamichi, со своите т.н. focused field head (FFH), глави со фокусирано магнетно поле. Главите имаат така изведени полови што го фокусираат магнетниот флукс на што помал дел од магнетофонската лента. Со ова е намалено и влијанието од страна на магнетофонската лента кон самата магнетофонска глава, заради малата контактна површина со неа, а со тоа и степенот на магнетизација.

После  долготрајно преслушување на снимен материјал, главата за репродукција се магнетизира (реманентен магнетизам). Ова резултира со зголемување на шумот т.е. намалување на односот сигнал/шум (signal to noice ratio), атенуација на високите фреквенции (види ја фреквентната карактеристика и соодветниот губиток на високите фреквенции на тестираната аудио касета Basf Chromdioxid II), заматување на звучната слика при ниските фреквенции и зголемување на интермодулациските изобличувања како резултат на преклопување на запишаниот тонски материјал. Овој ефект е потенциран кај касетните магнетофони заради намалената брзина на транспорт.

Подолго време недемагнетизираната магнетофонска глава, заради својот магнетизам, започнува да дејствува како глава за бришење. Поради малото магнетно влијание ги брише само повисоките фревфенции.

Ефектот на магнетизираност на главата е уште поизразен во тек на снимањето. Направената снимка ги слабее високите фреквенции над 6kHz со стрмина од 12-18dB по октава и го деградира односот сигнал/шум за 10-15dB, што зависи од степенот на магнетизираност на главата и карактеристиките на магнетниот материјал на употребената лента.

Кога ќе се додаде и дополнителното слабеење од 10-20dB на високите фреквенции над 6kHz во тек на самата репродукција, ни трага од добриот звук. Чистењето на магнетофонската глава нема да биде од корист во овој случај, а правилната демагнетизација, секако. И тоа што поскоро, зошто со секое дополнително преслушување на снимениот материјал, звучната слика се повеќе и повеќе ќе се деградира, заради својството на магнетизираната глава да се однесува како глава за бришење.

 

ДЕМАГНЕТИЗАЦИЈА

Заради претходно опишаните недостатоци од магнетизираност на главата, потребна е нејзина демагнетизација.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК530

транзистори: BC547B, BC307B
трансформатори: импулсен Blocking трансформатор, трансформатор за демагнетизација

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.