Рубрика: Аудио и видеотехника
Тест: Korato One.5 – тајното оружје на Белград
Автор: Ристо Даскалов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/1999.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ќе речете - на кого му е дојдено до музика, кога тука во наша непосредна близина се случува војна (се случува барем додека ги пишувам овие редови). Ама чудна сорта сме ти ние аудиофилите. Голема вистина е дека "лошите навики" тешко умираат и како тоа сега на некого му дошло да ужива во музиката кога над главата му татнат авиони, а на само неколку километри паѓаат ракети и бомби врз луѓе кои никому ништо не му сториле, но тоа е друга тема. Сепак во право сте. Многу е тешко, дури и за еден пасиониран аудиофил, да работи во такви услови на пресија, репресија, конфузија... Неубави работи се тоа, ми оставаат горчина на душата, ме прават да се чувствувам скршено гледајќи ги илјадниците раселени луѓе, изгорените тела, разрушените градови.
Овој тест и не е направен во времето кога се случува ова лудило околу нас, имено направен е пред неколку месеци. Во времето на лудилото само ги пренесувам моите импресии и сеќавања за на момент да избегам од него. А, да. Да не заборавам: го пишувам и за да го исполнам долгот кон луѓето кои во времето пред...... го донесоа "Белградското тајно оружје" на наша територија! Ха, ха........

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.