Рубрика: Електроника
Проект: Hi-Fi стерео предзасилувач – B96
Автор: Дејан Трпески
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5-6/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Изработениот Hi-Fi стерео предзасилувач – B96 пред вградување во соодветна кутија

Имате излезен засилувач (уште и добар), но влезниот сигнал е преслаб за да ја добиете посакуваната излезна моќност. Почнувате да размислувате за изработка на квалитетен и проверен предзасилувач. Шемите што ги имате ви изгледаат застарени или премногу компликувани. Се прашувате "А што сега?". Можеби текстот што следи ќе ви помогне да го пронајдете вистинскиот одговор.

Идејата за објавување на еден универзален предзасилувач на страниците на ЕМИТЕР постои речиси од самиот почеток на списанието и тоа како едно дополнување на проектот на излезен засилувач А50 кој беше објавен во првиот број. Патот од идеја до практична реализација започна со поставување на основните барања што требаше да ги исполнува крајното односно усвоеното решение. Нив ги поделивме во две групи. Првата група ја сочинуваат техничките барања, според кои предзасилувачот треба да има:
• широк фреквентен опсег;
• мали изобличувања;
• мала излезна отпорност;
• голема влезна отпорност;
• висок однос сигнал/шум;
• двопојасна тонска контрола;
• прилагодливост кон изворот за напојување;

• мала потрошувачка.

Втората група ја сочинуваат конструктивните барања според кои решението треба да биде со:
• едноставна конструкција;
• мали димензии;
• едноставно поврзување;
• ниска цена и реализирано со стандардни елементи.

Потоа преминавме кон изнаоѓање на најоптималното решение кое ќе ги задоволи ако не сите, барем повеќето од наведените барања. Така дојдовме до решението кое користи J-FET операциски засилувач во неинвертирачки спој со фреквентно зависно и променливо напонско засилување. Со помош на програмскиот пакет PSPICE (ЕМИТЕР 4/95) прецизно ги одредивме вредностите на елементите според претходно зададените карактеристики. Следниот чекор беше изработка на прототип кој требаше да ја потврди точноста на анализата. Мерењата на прототипот кој следеа, покажаа дека извршената анализа била коректна, со што и најголемиот дел од работата беше успешно завршена. По неколку "козметички" измени на плочката на прототипот ја добивме конечната верзија со ознака B96 која сега ќе биде презентирана и подетално објаснета.

Амплитудно-фреквентна карактеристика на изработениот склоп во три случаи: со потенциометрите P3 и P4 поставени во центар [1], на максимум [2] и на минимум [3]

Исправки и дополнувања:
75

Во ЕМИТЕР број 5-6/1996 во текстот под наслов 120W Hi-Fi Мостен засилувач, поради техничка грешка на слика 5 е прикажана погрешна блок шема на мостниот засилувач. Доколку внимателно се прочита текстот грешката може лесно да се воочи, но и ако не се воочи доколку при изградба се постапува според упатствата дадени во текстот таа ќе се избегне. Точната блок шема е прикажана на следната слика. Со оваа исправка ги молиме читателите да го уважат нашето извинување поради направениот пропуст.


Клучни зборови:
Изработениот Hi-Fi стерео предзасилувач – B96 пред вградување во соодветна кутија

Изработениот Hi-Fi стерео предзасилувач – B96 пред вградување во соодветна кутија

Амплитудно-фреквентна карактеристика на изработениот склоп во три случаи

Амплитудно-фреквентна карактеристика на изработениот склоп во три случаи: со потенциометрите P3 и P4 поставени во центар [1], на максимум [2] и на минимум [3]

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5-6/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.