Аудио и видеотехника

После написите "Компресиони звучни кутии" во ЕМИТЕР бр.5/95 и "Пасивни свртници за звучни кутии" во ЕМИТЕР бр.1-2/96 и 3-4/96 логично беше да се заокружи таа целина со практичен пример – проект на комплетен звучник од компресионен тип. Но, заради повеќе причини (оправдани) тој проект малку задоцни, па наместо него ви предлагаме друг проект: PA бас-рефлекс звучник TNT 10/200 прикажан на слика 1.


Електроника
Изработениот Hi-Fi стерео предзасилувач – B96 пред вградување во соодветна кутија

Имате излезен засилувач (уште и добар), но влезниот сигнал е преслаб за да ја добиете посакуваната излезна моќност. Почнувате да размислувате за изработка на квалитетен и проверен предзасилувач. Шемите што ги имате ви изгледаат застарени или премногу компликувани. Се прашувате "А што сега?". Можеби текстот што следи ќе ви помогне да го пронајдете вистинскиот одговор.


Електроника

Со интегрираното електронско палење искрата во свеќичката има константна енергија низ целиот опсег на вртежи на моторот. Со другите транзисторски палења, при мал број вртежи на моторот, бобината индуцира енергија подолго време помеѓу тактовите и како резултат на тоа добиваме искра со голема енергија. Тоа е добро при стартот, но со зголемување на бројот на вртежите, токму од спротивни причини, енергијата на искрата ослабува...


Електроника

За автоматска регулација на брзината кај малите еднонасочни мотори, кои многу често се употребуваат во аудио и видео уредите, многу добро може да се искористи интегралното коло LM 1014.


Електроника

Со појавата на интегрираните напонски стабилизатори од сериите 78XX и 79XX пред околу 15 до 20 години до максимум се поедностави проектирањето и конструкцијата на стабилизирани напонски извори за напојување. Причина за ова е нивната ниска цена, едноставна изведба (имаат само три изводи) како и тоа што скоро и да не се потребни никакви пресметки, а во одредени случаи не се потребни ни други надворешни елементи.


Електроника

Еден од најголемите проблеми при сервисирање на електронските уреди претставуваат непостојаните, периодични дефекти најчесто предизвикани од 'ладни лемови'. Уредот кој би ги лоцирал грешките кои настанале во тек на лемењето или во тек на експлоатацијата на уредот, треба да ја мери отпорноста помеѓу елементот и бакарната фолија, и соодветно, во случајов акустички, да ја индицира. Проектот опишан во овој напис ги задоволува сите овие услови... 


Аудио и видеотехника

Технолошките достигнувања од технолошкиот свет дефинитивно го изменија погледот на светот денес. Во доменот на аудио и видеотехниката компјутерите имаат многу што да кажат, а некои од принципите на дигиталните процесори веќе ги заменија старите техники на работа. Но дали е тоа сè?


Електроника
ИК 4011

Примената на CMOS инегрираните кола во електронските уреди станува се поголема. Основната цел на овој проект е да им помогне на електроничарите почетници да се запознаат со CMOS интегрираните кола, а притоа да направат корисно коло кое може да се искористи како електронско ѕвоно на влезната врата. За овој проект употребени се две CMOS инегрирани кола од серијата 4ХХХ. Тоа се инегрираните кола 4011, кои содржат по четири NAND кола.


Електроника

Доколку сакаме евтин, едноставен за изработка, а сепак универзален регулатор на бројот на вртежи тогаш овој уред најлесно можеме да го опишеме како таков. И покрај својата едноставност тој овозможува континуирана регулација на брзината на електрична бушилка, но и на многу други уреди.


Уводник

По неколкумесечни неизвесности задоволство ми е да ве информирам дека иднината на ЕМИТЕР веќе не е толку несигурна благодарение на тоа што обезбедивме подолгорочни спонзорства од СОРОС-овата фондација и неколку фирми чии реклами можете да ги видите на страниците на ЕМИТЕР.


Омнибус

На соседните две страници се наоѓа нашиот анкетен лист. Веруваме дека сте презафатени, но сепак одвојте неколку минути за во иднина да добивате подобар ЕМИТЕР. Доколку уште некој го чита Вашиот примерок на ЕМИТЕР, замолете го во наше име, да го фотокопира анкетниот лист, да го пополни и да допринесе за квалитетот на анкетата. Верувајте дека Вашиот одговор нема да биде залуден – резултатите од оваа анкета ќе влијаат на нашата издавачка и уредувачка политика.


Омнибус

Ce Bit '96;
Yamaha REV 100;
Оптички кабли на турнејата на Rod Stewart;
Нов софтвер за tc M 5000;
Инфоком '96;
XV-ти Државни натпревари ма ЕМУЦ-ите од Р. Македонија