Емитер 5-6/1996.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Со интегрираното електронско палење искрата во свеќичката има константна енергија низ целиот опсег на вртежи на моторот. Со другите транзисторски палења, при мал број вртежи на моторот, бобината индуцира енергија подолго време помеѓу тактовите и како резултат на тоа добиваме искра со голема енергија.
Тоа е добро при стартот, но со зголемување на бројот на вртежите, токму од спротивни причини, енергијата на искрата ослабува. Сепак е подобро енергијата на искрата да биде еднаква како за малиот така и за големиот број на вртежи, што ќе придонесе за малку поекономично искористување на горивото. Други суштински разлики во однос на "старото" транзисторско палење нема, освен што во ова палење влезниот степен е со интегрирани кола, а излезниот е "дуплиран" заради поголема сигурност и стабилност при работа.
На оваа тема беше пишувано во декемврискиот број на ЕМИТЕР во 1995 во кој беше претставено транзисторско електронско палење со сите негови предности во однос на класичното палење. Исто така, темелно беше објаснет начинот на кој работи системот за палење во автомобилот, видот на искрата во свеќичката, енергетскиот дијаграм на бобината, вградувањето на уредот во возилото, методот за изработка на кутијата и ред други корисни информации кои ви помогнаа при изработување на транзисторското палење. Затоа во овој напис нема да се задржуваме на тие поединости.
За практичнаа изработка на интегралното-електронско палење ќе изнесеме и неколку упатства кои се однесуваат на материјалите за изработка, поставеноста на елементите и, секако, монтажата на целиот склоп во кутија, како и поврзувањето на изработениот уред.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5-6/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.