Рубрика: Електроника
Проект: Мал аудио миксер EM 3S
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-2/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Голем број читатели во своите писма и телефонски повици во редакцијата изразија желба да објавиме проект на аудио миксер при што, се разбира, секој читател имаше (и има) свои специфични барања. Тие се движеа од наједноставните решенија со минимален број на елементи, па се до повеќеканални професионални миксети во кои примарен би бил квалитетот и можностите. Ваквите идеи се совпаѓаат со размислувањата на редакцијата за разработка на проекти на неколку аудио миксери (од наједноставни до најсложени) и нивно постепено објавување на страниците на ЕМИТЕР. Овој план започнуваме да го реализираме од овој број со објавување на проектот за едноставен троканален стерео аудио миксер ЕМИТЕР MIXER 3S.

Дел од читателите сигурно веднаш се прашуваат зошто презентитаме едноставен аудио миксер и зарем не е подобро да прикажеме миксер со повеќе канали и повеќе можности. Еве неколку причини зошто се одлучивме за овој проект:
1. Бидејќи дел од читателите ги немаат ни основните теоретски и практични знаења од областа аудио миксери и бидејќи во списанието ова е прв проект од оваа област, тој мора меѓу другото да има и едукативна функција. Таа функција полесно се остварува доколку проектот е едноставен и ги содржи само основните функции.

2. Со својата едноставност и широка употреба (на пример за озвучување на домашни забави и слично) миксерот ќе биде интересен и лесен за изработка за голем број читатели, дури и за оние што имаат многу мало или никакво искуство во електрониката. Изработувајќи го овој миксер читателите ќе стекнат знаење и искуство кое ќе им помогне во иднина при изработка на некој посложен миксер.
3. Овој едноставен миксер може да биде корисен и за поискусните конструктори – доколку се најдат во ситуација да им е потребен миксер, а немаат време за изработка на некој посложен модел. EM 3S можат да го изработат со материјалот од домашната работилница за само 2 до 3 часа.
Доколку по овој опширен увод сте заинтересирани за изработка на овој едноставен миксер тогаш да преминеме на неговиот опис.

Технички карактеристики:

Осетливост Uinref (при 7/10 volume и Uoref=500mV):
     Mic input: 6,8 mV
     Line input: 350 mV
Фреквенциски опсег: 20Hz - 20kHz
Изобличувања THD: <0,1%
Однос сигнал-шум S/N: >70dB

 
Главни елементи и материјали:

Транзистори: BC109C, BC549C или сличен

Потенциометри: 47 k log, 2x47 k log 

Зенер диода: BZY9,1

Клучни зборови:

Изработениот прототип од малиот аудиомиксер EM3S

Изработенaтa плочка од малиот аудиомиксер EM3S,

Изработенaтa плочка од малиот аудиомиксер EM3S, со каблите и потенциометрите спремна за монтажа во кутија

Изработениот прототип од малиот аудиомиксер EM3S

Изработениот прототип од малиот аудиомиксер EM3S


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-2/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.