Рубрика: Електроника
Четириканална разгласна миксета
Автор: Игор Димитриевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На голем број аматерски музички состави основен проблем им претставува квалитетното озвучување на своите инструменти и вокали. Едно од решенијата на овој проблем се бара во набавување на посебни засилувачи за секој член, или набавување на разгласна миксета и еден заеднички засилувач. Второто решение т.е. набавувањето на разгласна миксета е мошне поефикасно, бидејќи контролата на звуците од сите инструменти и вокали се наоѓа на едно место со што контролата е поедноставна и попрегледна отколку кај посебните засилувачи. Но, и двете решенија се карактеризираат со големи финансиски давачки. Па, поради горе наведениве причини, во наредниов текст претставена е една четири канална разгласна миксета, што во комбинација со некој од засилувачите со задоволителна моќност, претставени во претходните броеви, и се разбира, соодветна звучна кутија, е сосема доволна за озвучување на еден аматерски музички состав. При тоа распоредот на инструментите во влезовите е оставен на избор на корисниците.

Изработката на оваа миксета е прилично едноставна, па може да се изработи и од страна на читателите кои имаат барем основно познавање во електрониката, а што е најважно за околу 100DM ќе обезбедат квалитетно озвучување на своите музички состави. Оваа разгласна миксета, освен за вежбање, може да се употреби и за помали настапи за кои не се потребни озвучувања на повеќе од три инструменти и еден вокал.

Како основа на разгласната миксета е собирачкиот засилувач т.е. суматорот, на чиј влез се носат сигналите од четирите канали, односно од четирите предзасилувачи, со регулација на засилувањето и колата за контрола на бојата на тонот. На излезот од суматорот се добива резултантен сигнал, богат со хармоници од сите влезни сигнали. Нивото на застапеноста на секој од сигналите во резултантниот, се регулира со помош на потенциометарот за јачина на тонот, после секој предзасилувач. Вака добиениот резултантен сигнал, се носи на уште еден степен за корекција на бојата на тонот (MASTER EQ), а потоа до некој соодветен засилувач и звучна кутија.

Исправки и дополнувања:
Четири - канална разгласна миксета

Во претходниот број на “ЕМИТЕР” во списокот на елементи на 4-каналната разгласна миксета (стр. 14) е пропуштен отпорникот R33, кој треба да биде со вредност од 1kΩ.


Технички карактеристики:

Осетливост Uvl ref:
• GAIN min: 470 mV / Uiz = 500 mV
• GAIN max: 3 mV / Uiz = 500 mV

Максимален влезен напон:
• GAIN min: 2,6 V
• GAIN max: 28 mV

Максимален излезен напон:
• GAIN max: 5,2 V
• GAIN max: 5,2 V

Фреквентен опсег: 80Hz – 16kHz
Напон за напојување: ± (9 – 12) V

 
Главни елементи и материјали:

ИК: TL074, TL084, TL072, TL082, 7812, 7912;
потенциометри: 220 k/log (100 k – 1 M log), 100 k/lin, 100 k/log;
диоди: 1N4001, LED 5mm (црвена);
подножја: DIL14, DIL8

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.