Рубрика: Електроника
Диско миксер Emix 5 (1)
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Изработената диско миксета EMIX-5 подготвена за употреба

Уште во ЕМИТЕР 1-2/96 најавивме проекти на неколку аудио миксети за различни намени и со различна сложеност и квалитет. Иако планиравме повеќе досега успеавме да објавиме само два проекта: “Мал аудио миксер ЕМ3Ѕ” (ЕМИТЕР 1-2/96) и “Четириканална разгласна миксета” (ЕМИТЕР 1/97). По неколку месечно задоцнување, за што причина е нашата презафатеност со тековните работи во ЕМИТЕР, го нудиме проектот на петканалниот диско миксер EMIX5 за кој според вашите писма и телефонски јавувања знаеме дека многумина го очекуваат со нетрпение.

При проектирањето на овој миксер си поставивме задача тој да биде стандарден диско миксер што значи дека треба:
- да има доволен број на влезови за повеќето примени,
- да има можност за преслушување на каналите (minitor функција),
- да има VU метар за контрола на излезот,
- да има релативно едноставна, компактна и евтина конструкција за да може да го изработат поголем број читатели.
Согласно овие проектни услови одлучивме EMIX5 да има пет влезови, аналогни VU метри, класична монитор функција со шестполен преклопник, двопојасна тонска контрола и да биде реализиран на една плочка со помош на стандардни операциски засилувачи.

Преден и заден дел од изработениот диско миксер EMIX-5

Технички карактеристики:

Измерени карактеристики на EMIX 5
Осетливост - Uinref (при 7/10 volume)
Mic input: 0,5 - 45 mV
Phono input: 3,2 mV
Line input: 450 mV
Фреквенциски опсег: 10Hz - 30kHz
Регулација на тонот: ±18dB
(види слика за повеќе)

 
Главни елементи и материјали:

Интегрирани кола: TL071, TL072, TL074, TDA7050, 7805, 7812, 7912
Потенциометри: 500 k log, 47 k log, 2x47 k log, 100 k lin, 2x10 k log
преклопник: 2 x 6
Мрежен трансформатор: 2x15V/6VA
Грецов мост: B40C1000
Аналоген индикатор: 200 µA

Клучни зборови:
Изработената диско миксета EMIX-5 подготвена за употреба

Изработената диско миксета EMIX-5 подготвена за употреба

Изработената диско миксета EMIX-5 подготвена за употреба

Изработената диско миксета EMIX-5 подготвена за употреба

Делот за приклучоци на изработената диско миксета EMIX-5

Делот за приклучоци на изработената диско миксета EMIX-5

Технички карактеристики на диско миксетата EMIX-5

Технички карактеристики на диско миксетата EMIX-5


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.