Електроника

При тестирање на електронски уреди кои трошат струја повеќе од десетина милиампери најпрактична е употребата на адаптер или DC извор со соодветен напон и моќност. Во овој напис ќе стане збор токму за таков уред кој ќе ги има следните карактеристики: - континуирана промена на напон од 1,25V до 15V, можност за симетрично или асиметрично напојување и можност за напојување на два потрошувачи (со различни работни напони) одеднаш. Овој извор на DC напон е идеален за домашната работилница на секој електроничар за да послужи при тестирање на разни електронски склопови.


Електроника
Изработената диско миксета EMIX-5 подготвена за употреба

Уште во ЕМИТЕР 1-2/96 најавивме проекти на неколку аудио миксети за различни намени и со различна сложеност и квалитет. Иако планиравме повеќе досега успеавме да објавиме само два проекта: “Мал аудио миксер ЕМ3Ѕ” (ЕМИТЕР 1-2/96) и “Четириканална разгласна миксета” (ЕМИТЕР 1/97). По неколку месечно задоцнување, за што причина е нашата презафатеност со тековните работи во ЕМИТЕР, го нудиме проектот на петканалниот диско миксер EMIX5 за кој според вашите писма и телефонски јавувања знаеме дека многумина го очекуваат со нетрпение.


Аудио и видеотехника

Форматот кој утре скоро сигурно ќе владее со глобалната забавно-електронска сцена, службено во светот е промовиран на минатогодишниот саем на конзумна електроника во Лас Вегас, CES 96, а своето прво појавување во јавноста го имаше на истото место, една година пред тоа. Меѓутоа, тогаш DVD (Digital Video Disc) - како што е наречен новиот медиум - не предизвика ни приближно онакво интересирање кај публиката и кај стручњаците какво што ужива денес.


Аудио и видеотехника

Пред точно десет години, во списанието "Аудиофил" познатиот аудиофил Бранко Божиќ елегантно ја заобиколи оваа дилема. Тој напиша: "Аналогно или дигитално? Право да ви кажам, сеедно ми е. Сакам само музика!" Со појавата на CD репродукторите започна безочната пресметка меѓу таборите на приврзаниците на аналогниот и на дигиталниот звук. На циничните описи на непријатните "дигитални" високи тонови од CD плочите се одговара со слични описи на шумот и изобличувањето на LP плочите.


Електроника

Денес младите (и не само тие) се повеќе посакуваат добра аудио опрема. Поради тоа се одлучивме да ви го претставиме излезниот засилувач GJ150, кој ги задржа основните предности на засилувачите А50 и А100 (објавени во броевите 1/95 и 7-8/96), а тоа се едноставната конструкција, малите димензии, употребата на стандардни елементи и ниската цена.


Електроника

Во минатиот број ја опишавме конструкцијата на матичната плочка, се осврнавме на потребата за вградување на одредени блокови и основната идеја за овој проект. Во овој број, како што веќе ветивме во минатиот, ќе се задржиме на софтверот за проверка на правилното функционирање и на основните апликации.


Електроника

Тендите се се повеќе присутни на нашите прозори и тераси, како и на многу јавни објекти. Многу од нив имаат вграден рачно контролиран електричен погон за отворање и затворање. Овде ќе го прикажеме автоматскиот уред за контрола на веќе постоечкиот електричен систем, кој се приклучува на него без никакви корекции. Уредот автоматски ја отвора тендата кога ќе се појави сонце и ја затвора навечер кога сонцето ќе зајде.


Електроника

Во првиот дел од овој напис напоменав дека печатењето на изработените документи ќе биде објаснето во некое од следните продолженија. Во овој дел ќе стане збор токму за тоа.


Електроника

Од многуте инструменти кои се користат во мерната техника многу често се спомнува и овој доста корисен но воедно многу едноставен инструмент. Се среќава во уредите за домашна употреба како што се касетните декови, засилувачите и многу други уреди кои се користат за озвучување на домовите, во дискотеките и др. Неговата изведба може да биде различна и зависи од потребите и можностите за изработка.


Уводник

Забележувате дека повторно имаме одредени измени (се надевам кон подобро) на дизајнот на списанието - не затоа што мислиме дека со тоа ќе дојдеме до нови читатели туку затоа што сакаме во рамките на овие услови да обезбедиме максимум во поглед на графичко-техничкиот квалитет.


Омнибус

DIG: Општи правила, DIG diplom 77, Europian prefixes award (EUPXA), Germany award, Worked german large cities (WGLC), Worked DIG members (W-DIG-M); Календар на КБ - натпревари; Правила за освојување на дипломите CQ DX; DX - педиции; VK0IR


Омнибус

Hi-Fi информации: Trichord Research TDT/Pulsar 1, Harman Kardon HK 620, Cambridge Audio CD 4 SE,Kenwood DP-7090; Pioneer ги поместува границите; Lexicon картички; Здружение на електроничари; Побрзо до печатеното коло; Чипови од органски молекули; Комуникација преку 220v мрежа; Plasmon PD 2000


Писма
Звучници, засилувачи и CD плеери
Напојување за ADR-01 и Booster засилувач