Емитер 4/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
При тестирање на електронски уреди кои трошат струја повеќе од десетина милиампери препорачливо е да не се напојуваат со батерија. За таа цел најпрактична е употребата на адаптер или DC извор со соодветен напон и моќност. Во овој напис ќе стане збор токму за таков уред кој ќе ги има следните карактеристики: - континуирана промена на напон од 1,25V до 15V, можност за симетрично или асиметрично напојување и можност за напојување на два потрошувачи (со различни работни напони) одеднаш. Овој извор на DC напон е идеален за домашната работилница на секој електроничар за да послужи при тестирање на разни електронски склопови.
Повеќето од стандардните адаптери имаат можност за промена на напонот од 3V до 12V со помош на преклопник и поседуваат трансформатор со моќност 5-10W. Насочувачот најчесто содржи електролитски кондензатор чија вредност е доста мала. Исто така многу често вредноста на излезниот напон, покрај тоа што процентуално варира во зависност од мрежниот напон, често се случува (особено при мали оптеретувања) да биде многу поголема од избраната вредност. Со тоа се зголемува можноста приклучениот уред да биде оштетен. Стабилизираниот насочувач што ќе го прикажеме ќе има многу подобри карактеристики во однос на горенаведените, благодарејќи на монолитното интегрирано коло LM317.
Трансформатор: 2x15V/45VA
ИК LM317
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.