Рубрика: Електроника
Професионален стабилизиран извор на напон API-1
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Секој електроничар ја увидел и ја знае потребата од добар стабилизиран извор со континуирана регулација на напонот и струјното ограничување, како можност за екпериментирање и експлорирање на нови електронски уреди. Ваквата потреба ми се наметна и мене и пред пет години го изградив овој уред кој досега, беспрекорно и без никаков дефект, успешно работи.

Уредот е практично неуништлив, стабилен, сигурен и заштитен од сите случајни, па дури и намерни грешки. Затоа претставува назаменлив уред во секоја подобро опремена лабораторија или работилница за електроника.

Поаѓајќи од бараните услови, најдобро се покажа итегрираното коло LM 10c, кое во себе содржи одличен извор на референтен напон од 200mV, како и операционен засилувач со голема внатрешна отпорност. Стабилизаторот е изведен со две вакви интегрирани кола, еден за напонска и еден за струјната регулација. За изведба се користени фабричките апликации за колата и модифицирана и симплифицирана шема на врски од Elektor Electronics – 301 circuit. Сите дополнителни заштити, комутацијата за дисипацијата и крајното решение се резултат на сопствени знаења и истражувања.

При големи струи лабораторискиот извор API-1 може да се користи само за каткотрајна, експериментална експлоатација, бидејќи не е доволно димензиониран. Ако е потребна подолготрајна работа со поголеми струи, пожелно е да модифицира содва или повеќе излезни транзистори. Но, како ио да е, дури и во ваква немодифицирана верзија, преголемата дисипација не може да го оштети уредот поради вградените заштити.

На конструкторите им пожелувам успех во изработката и уживање во експлоатацијата на овој лабораториски извор кој со своите перформанси знае да биде и мал напонски извор со струи до стотина милиампери, а и гигант со цели три ампери, па и повеќе.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.