Рубрика: Аудио и видеотехника
Звукот на HI-FI уредите (2)
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Пред точно десет години, во списанието "Аудиофил" познатиот аудиофил Бранко Божиќ елегантно ја заобиколи оваа дилема. Тој напиша: "Аналогно или дигитално? Право да ви кажам, сеедно ми е. Сакам само музика!" Со појавата на CD репродукторите започна безочната пресметка меѓу таборите на приврзаниците на аналогниот и на дигиталниот звук. На циничните описи на непријатните "дигитални" високи тонови од CD плочите се одговара со слични описи на шумот и изобличувањето на LP плочите. Ова многу потсетува на расправијата меѓу приврзаниците на електронските цевки ("лампи") и на транзисторите. Во ЕМИТЕР 1/97 се потрудив да им ја разрешам таа дилема на читателите. Се надевам дека и во овој текст ќе успеам во тоа.

Оние кои имаат богата (или помалку богата) колекција на црни пластични шумечки плочи треба да ги преснимат на DAT рикордер, додека е време. При секоја репродукција грамофонската игла по малку ја гребе плочата и неповратно ја уништува запишаната музичка информација и го зголемува шумот. Ова е докажано со фотографии направени со електронски микроскоп, а може и да се чуе - во тоа секој се уверил. После неколку десетина репродукции, настануваат оштетувања на браздите во плочата, особено ако плочата не се чисти редовно. Многу е чудно што некои особено важни особини и можности на дигиталните уреди воопшто не се спомнуваат во Hi-Fi списанијата (и во некои книги). Кога ќе размислам подобро, можеби и не е така чудно, бидејќи некои фирми и поединци заработија големи пари токму врз основа на таа неинформираност. CD репродукторот не е на слепо (на глуво?) донесен на пазарот, туку е резултат на извршени испитувања и анализи од голем број на слушни тестови. Се разбира, тој е и одраз на состојбата на технологијата и електрониката во времето на неговото настанување. Ќе ви ја откријам најголемата и најдобро чуваната тајна: Cross Interleaved Reed-Solomon Coding (CIRC). CIRC е еден од системите за заштитно кодирање на дигиталните сигнали. Тој обезбедува детекција на погрешно пренесени битови и нивна КОРЕКЦИЈА, благодарение на дополнително внесените редундантни битови. Корегираниот дигитален сигнал е ИДЕНТИЧЕН на оригиналниот. Парадоксално, но проблемот со CD репродукторите е во нивната преголема чистота на звукот, бидејќи сите мали проблеми кои претходно биле маскирани и незабележливи, сега излегуваат на површина.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.