Емитер 12/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ако се гледа површно на појавите, се чини дека системот за слушање е едноставен, но и само малку подлабоко навлегување во процесите на претворувањето и создавањето на субјективниот впечаток за слушаниот звук ќе нè доведат до непознат ѕид пред кој ќе застанеме со многубројни прашања на кои науката досега сè уште не успеала докрај да одговори. Останува надеж дека најновите вложувања и технолошки пробиви ќе успеат да навлезат во суштината на процесот на слушање.
Субјективниот осет за висина на тонот во увото се создава претежно врз основа на тоа кој дел од базиларната мембрана ќе биде побуден и ќе испрати електрични импулси преку слушниот нерв до мозокот. Субјективниот осет за јачината, пак, се стекнува врз основа на бројот на импулсите што ги праќа побудениот дел.
Овде треба да се напомене дека впечатокот за субјективната јачина зависи и од ширината на фреквенцискиот опсег што го зафаќа некој сигнал. Како потврда на ова може да послужи пример на звуци од млазен авион (шум или бучава со широк опсег) и од синусоиден сигнал (прост звук или тон само со една фреквенција), кои имаат исто ниво на звучниот притисок; субјективно, звукот од млазниот авион, кој има континуален спектар, има поголема субјективна јачина, отколку простиот звук. Според тоа, очигледно е дека увото работи како спектрален анализатор; тоа врши анализа на присутните амплитуди во делови од чујниот спектар за да дојде до конечниот впечаток за субјективната јачина. Овие делови од чујниот спектар имаат некоја ширина која како да е определена од некакви филтри. Оваа особина може да се претстави со мноштво филтри пропусници на опсег со преклопување. Овие опсези се наречени критични опсези.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.