Електроника

Електронски уред за светлосни ефекти секогаш е интересна тема кај поголем број електроничари - било тоа да се почетници било понапредни сите имаат голем предизвик за реализација на ваков уред. Како дополнителна причина е и доаѓањето и славењето на новогодишните празници! Токму затоа ние го нудиме проектов што следува.


Автомобилска техника

Тркачките и спортските автомобили секогаш за сè "бараат" нешто повеќе, многу повеќе! Меѓу другото, бараат континуирано забрзување при промената на степенот на пренос (да нема прекин на силината!) и бараат секавично брза промена на степенот на пренос. Исто така, истовремено бараат максимален степен на полезно дејство од преносникот. Точно така: контрадикторни барања кои тешко можат истовремено да се реализираат како реална конструкција.


Енергетика

Во државите каде цената на струјата се дефинира според берзанските движења, веднаш станува јасно дека струјата не е исплатливо средство за греење. Во принцип, таа таму е изгор скапа. Но, сепак, има мал простор за мало и "срамежливо" користење на струјата за греење и тоа само во преодните периоди за пригревање на просторијата или, во поретки случи, за полнење на термоакумулационите печки во ноќната евтина тарифа и само во случај да немаме друга алтернатива.


Електроника

Заборавете на заморните разговори на скајп со жичаниот сет слушалки и микрофон. Изградете едноставен електронски уред кој претставува интерфејс на вашиот компјутер кон домашниот безжичен телефон. Уредот се состои од само 3 отпорника, два кондензатора и една батерија, а ќе ви обезбеди поголем комфор, подвижност и автономија во текот на разговорот.


Информатика

Ласерските печатачи веќе одамна се "одомаќени" во средните и големи фирми, а од неодамна станаат ценовно подостапни и за малите бизниси и за домашните канцеларии. Имено, денес црно-бел ласерски печатач може да набавите за малку пари, некои модели чинат дури околу 3000 до 4000 денари, иако за пристоен ласерски печатач во боја ќе треба да издвоите околу 10 000 денари.


Електроника

Во минатиот број ја анализиравме електричната шема и принципот на работа на овој мултифункциски автомат за училишно ѕвоно. Сега е време да се фатиме за лемилото и да го изработиме и тестираме. Изработката се прави на две печатени плочки, по што следува нагодување и меѓусебно поврзување на двете плочки и надворешните компоненти. На крај следат совети за користење на автоматот и приспособување кон разните распореди на ѕвонење кои се присутни во различни училишта.


Архитектура и градежништво

Присуството на топлинските мостови во градежните конструкции е неминовност, но нивното негативно влијание треба да се амортизира што е можно повеќе, со корекција на градежните детали. Главно се јавуваат две последици од нивното присуство: значително зголемени топлински загуби и значително намалени внатрешни површински температури. Првата последица го напаѓа буџетот, а втората здравјето.


Астрономија и астронаутика

Научниците констатирале голема прекубројност на комети во т.н. Ортов појас, стациониран далеку во надворешноста на Сончевиот систем. Тоа ги навело на идеја дека можеби некои од тие комети се формирале во други региони, но се "заробени" од страна на Сонцето! Најновата компјутерска симулација покажа дека такво сценарио е можно.


Астрономија и астронаутика

Откако првата група сонди во 1986 година помина покрај Халеевата комета, до денес за време на прелетувањата успешно се сликани и проучени јадрата на уште пет различни комети. Но, наместо да помогнат да се изгради едноставен и задоволителен стереотип за тоа што претставуваат кометите навистина, овие средби открија изненадувачки разновиден спектар од карактеристики и процеси.


Аудио и видеотехника

Ако се гледа површно на појавите, се чини дека системот за слушање е едноставен, но и само малку подлабоко навлегување во процесите на претворувањето и создавањето на субјективниот впечаток за слушаниот звук ќе нè доведат до непознат ѕид пред кој ќе застанеме со многубројни прашања на кои науката досега сè уште не успеала докрај да одговори. Останува надеж дека најновите вложувања и технолошки пробиви ќе успеат да навлезат во суштината на процесот на слушање.


Информатика

Ако сликата вреди 1000 зборови, замислете тогаш колку вреди еден видеоклип. Простата математика вели 25 слики во секунда по број на секунди, па помножено со 1000…, пресметајте сами. Затоа ви претставуваме едно едноставно, бесплатно, а сепак моќно решение за креирање на видеоматеријали и нивно едноставно едитирање - Windows Live Movie Maker 2010.


Електроника

Во минатиот број беа опфатени разни видови на сензори кои најчесто се употребувани денес за алармни системи, а сега може да прочитате за извршните органи: сирени, што е говорна сирена, самонапојувачка сирена, bullet resistant сирена, зошто резервно напојување, опционите додатоци, зони, наједноставен алармен уред, што претставува видеонадзор, камери во систем на CCTV, монитор...


Информатика

Популарноста на Андроид мобилниот оперативен систем расте и сериозно ги разнишува позициите на Apple и Microsoft на ова поле. Локализацијата и изработката на софтвери на локалните јазици дополнително го дотураат маслото на огнот, а на тоа не сме имуни ни ние. Да погледнеме неколку "лични творби" од нашите програмери!


Омнибус

Јаглеродна кристална решетка со дебелина на еден атом, формирање на хемиски врски кај органски соединенија со паладиумот како катализатор, вештачко оплодување и теории за опишување на пазарот на работна сила се дел од достигнувањата кои на своите автори им ги донесоа нобеловите награди за оваа година. Овој пат сите лауреати се мажи, меѓу кои и првиот Кинез кој ја добива наградата за мир.


Физика

Една екипа физичари работејќи на LHC (Large Hadron Collider), забележала чуден феномен кај елементарните честички, креирани во судрувачот: некои од нив покажувале чудна интеракциска поврзаност, досега непозната во физиката за елементарни честички.


Омнибус

Новогодишните и божикните празници се добра прилика да покажете и докажете дека галантноста е ваша дистинктивна особина. Можеби веќе имате претстава со што би можеле да ги израдувате вашите најблиски, пријателите, колегите…, кого и да е. Но, тоа не е причина да не ги погледнете нашите предлози. Можеби токму тука, помеѓу овие дваесетина гаџети, лежи вистинскиот подарок?


Медицина

За жал, во светот но и кај нас, сè поголем е бројот на зависници од наркотични средства. Штетите се огромни и за индивидуата и за општествата. Поради сите овие факти се трошат огромни сретства за превенција и едукација, но и за лекување и рехабилитација. Меѓу другото, се бара што поедноставен и безбеден начин за лечење на зависноста. Еден таков обид за лечење од зависност е третиран во овој напис.


Аудио и видеотехника

HSS-200 е само еден од серијата HSS мулти форматни компактни видео свичери. Продукцискиот видео миксер HSS-200 дизајниран е за мали и средни бродкаст апликации во новата дигитална ера. Со своите два генератора за дигитални ефекти, 16-те влеза и 6-те излези, овој видео миксер дава можност за одлична продукција во живо или за снимање, во студио или со репортажно возило, во висока или стандардна резолуција, по мерка на потребите на овие простори.


Аудио и видеотехника

По многу години данските специјалисти на JAMO решија да му ја вратат старата слава на квалитетен звучник, за разлика од претходната одлука каде доминираше желбата звучник со својот дизајн одлично да се вклопува во секој ентериер. Секако дека и дизајнот не е запоставен со што квалитетниот звук е во рамнотежа со одличниот дизајн. Добар пример за оваа "филозофија" на компанијата е звучникот Jamo S608.


Информатика

Гром од ведро небо! Старата добра изрека која сликовито објаснува неочекувана случка го доби своето полно значење на 9 ноември годинава. Сä уште под импресии од појавата на Radeon HD 6870 и 6850 картичките, во ситуација кога со нетрпение се очекуваше најновиот топ-модел на АМД – Radeon HD 6970, премиерата на најновата перјаница на Nvidia одекна како гром од ведро небо!


Информатика

Алатка која може да му даде втор живот на вашиот оперативен систем, која ќе го забрза работењето, ќе ги отстрани неправилностите. ќе ви заштеди простор … само со еден клик! Изгледа неверојатно но сето тоа го овозможува TuneUp Utilities 2011.


Електроника

Вообичаено за изградба на осцилатори се употребуваат транзистори или интегрирани кола, но и обичен релеј може да се употреби за да се изгради осцилатор. Кај осцилаторите врз база на полуспроводници повратната врска е електрична, додека пак кај осцилаторот што ви го претставуваме повратната врска е механичка (префрлување на контактите на релејот од една позиција во друга).


Електроника

Кутиите на електронските и електричните уреди имаат за цел да го заштитат корисникот од контакт со деловите од уредот кои се под напон, како и да спречат надворешни тела или течности да ја попречат работата на самиот уред. Степенот на механичка заштита се означува со IP код и се состои од буквите IP зад кои следи двоцифрен број (на пример IP46). Степенот на заштита е важен параметар и ние ќе ви покажеме како правилно да ги одберете електричните уреди соодветно на вашите потреби.


Електроника

Ако случајно имате старо ATX напојување од компјутер и ако сакате да го искористите, како сето тоа ќе го направите прочитајте во текстов што следува.


Електротехника

Брусната хартија или шмирглата многу се користи во столарските, автолимарските и други слични работи. Тоа е понекогаш страшно досадно, но работа која мора да се заврши, а покрај тоа и работа која може да биде лошо изведена без соодветен алат. Во овој број ви ги претставуваме брусилките на МАКИТА со шмиргла.


Омнибус

Паметен телефон од Acer;
Таму каде што се раѓаат ѕвездите;
Apple 1 продаден за 213000 долари;
Откривање на аутизмот со акустичка анализа на гласот;
Радиоаматерите вклучени во популаризација на Денот на дрвото;
Дојдете да гледаме филм;
Видеосвичер Sony MVS-8000 3G;
Џебен скенер;
PCI Express 3.0;
Нови монитори од "NEC" за професионалци;
GeForce GTX 460 SE;
Лајвскрајб смартпен;
Acer претстави нов таблет со два екрана;


Годишен индекс

Рубриката Годишен индекс ви овозможува преглед на сите написи објавени во тековната година систематизирани по азбучен ред и научни области. Кога ќе го лоцирате насловот на написот кој ве интересира едноставно следете ги точките и дознавате во кој број на ЕМИТЕР тој бил објавен во тековната година и на која страница. Годишниот индекс е особено практичен прилог за читателите кои ги чуваат (укоричуваат) примероците од цела година.


Писма
Поголема осетливост за интелигентниот прекинувач за сабвуфер
Прашања за Теслиниот трансформатор
Поврзување на микрофон-бубачка
Проблеми со електронското палење од ЕМИТЕР 10/07