Рубрика: Архитектура и градежништво
Топлински мостови во градежните конструкции (3)
Автор: Петар Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Присуството на топлинските мостови во градежните конструкции е неминовност, но нивното негативно влијание треба да се амортизира што е можно повеќе, со корекција на градежните детали. Главно се јавуваат две последици од нивното присуство: значително зголемени топлински загуби и значително намалени внатрешни површински температури. Првата последица го напаѓа буџетот, а втората здравјето.

Во изминативе два броја на ЕМИТЕР подетално ја опишавме физиката и генезата на топлинските мостови во градежните конструкции, со констатација дека тие се причина за зголемени топлински загуби во објектите и појава на внатрешна површинска кондензација како предуслов за појава и растеж на мувла. Во денешново трето продолжение посветено на негативното влијание на топлинските мостови, преку конкретни примери ќе се осврнеме на техничко-економските показатели во поглед на загубите на топлинска енергија кај "малигните" топлински мостови (термин кој често го употребувам) во споредба со оние кај "бенигните" топлински мостови. Исто така, подетално ќе го разгледаме и процесот на појава и развој на мувла со сите штетни последици по здравјето на луѓето што престојуваат во простории нападнати со мувла.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.