Рубрика: Архитектура и градежништво
Топлински мостови во градежните конструкции (1)
Автор: Петар Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Топлински мостови се делови од обвивката на зграда каде што има зголемени протоци на топлината. Обично настануваат на местата каде има материјали со различен коефициент на топлинска спроводливост во надворешната конструкција (на пр. бетонски столб и ѕид од тули), различна дебелина на некој материјал или разликата помеѓу внатрешната и надворешната површина, како на пр. врска ѕид–под–таван. Присуството на топлинските мостови во градежните конструкции за последица има зголемени топлински загуби во зимскиот период со истовремено намалени површински температури од внатрешната страна на топлинскиот мост, што е предуслов за кондензација на влага и појава на мувла.

Топлински мостови се делови од обвивката на зграда каде што, како резултат на дводимензионалниот (2D) или тродимензионалниот (3D) карактер на пренесувањето на топлината, или внатрешната површинска температура е пониска а со тоа настанува кондензација или пак топлинските загуби се поголеми. Оваа дефиниција според важечките стандарди е модифицирана и гласи дека топлински мост претставува дел од надворешната конструкција на објектот во кој топлинскиот отпор значително се разликува од останатиот еднообразен дел.
Во контактите што ги имам со колегите проектанти на тема топлински изолации и пренесување на топлината, не ретко ќе слушнам дека нивниот проект во поглед на топлинските мостови е сосема коректен, односно со добрата топлинска изолација сосема ги исклучиле топлинските мостови. Дали ова нивно мислење е исправно и дали е можно да се проектираат објекти без топлински мостови? Одговорот е негативен, а доказот за тоа ќе го понудам на читателите во текстот што следува.

Делумно навлегување на материјали со различен коефициент на топлинска спроводливост во надворешната конструкција

Целосно навлегување на материјали со различен коефициент на топлинска спроводливост во надворешната конструкција

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.