Емитер 10/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Сите градежни конструкции во некој објект кои претставуваат граница помеѓу греан и негреан простор треба топлински да се изолираат. Притоа, единствено правилно место на топлинската изолација е од надворешната страна на градежната конструкција. Повлекувањето на изолацискиот слој кон внатрешноста на конструкцијата носи низа негативни последици: зголемени топлински загуби, генерирање на топлински мостови, големи температурни разлики во конструкцијата и можни градежни штети.
Кога ја разгледуваме потребата од топлинско изолирање на објекти за престој на луѓето, веднаш се наметнуваат неколку прашања: кои градежни конструкции во објектот треба да ги изолираме, кои изолациски материјали да ги употребиме и со колкави дебелини, каде е местото на изолациските материјали во составот на конструкциите и.т.н.
Во принцип, сите градежни конструкции кои разделуваат две средини со значителни температурни разлики треба да бидат изолирани. Пред сè, тоа се надворешни конструкции кои разделуваат внатрешни греани (во лето ладени) простории од надворешниот студен (во лето топол) простор: надворешни ѕидови, рамни и коси покриви, еркери, таваници над отворени премини (пасажи), подови на земја итн. Меѓутоа, и внатрешните преградни конструкции помеѓу греани и негреани простории, како што се гаражи, визби, тавани, скалишни простори и сл., кои се инкорпорирани во објектот, бараат топлинска изолација.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.