Некои, додека ставаат вода во саксиите, со убави зборови нежно се обраќаат кон цвеќињата. Тоа повеќето луѓе го прифаќаат како сосема нормално однесување. Дури, некои тврдат дека убавите зборови упатени кон растенијата имаат благопријатно дејство врз интензитетот на расцветувањето и директно го поттикнуваат растот на билките. Од друга страна, лошите зборови, па дури и мисли, наводно имаат неповолно дејство врз билките. Дали билките навистина можат да ни ги читаат мислите?