Рубрика: Астрономија и астронаутика
Со VLTI поблиску до ѕвездите
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Започна да функционира опсерваторијата на ЕСА, комплекс телескопи спрегнати во еден гигантскиот виртуелен "телескоп" наречен VLTI. Користејќи т.н. интерферометриска оптичка метода, која обезбедува висока агловна резолуција, тој овозможи гледање вселенски објекти со досега невидени детали: на првите фотографии, кои тој ги испрати, прв пат астрономите имале можност да ја видат површината на некоја далечна ѕвезда.

Пустина Атакама, Чиле, планински срт со врв Серо Паранал висок 2550 m. На самиот врв плато со уредена површина од 2 хектари, на која се изградени 4 големи кули, секоја од нив "крие" по еден телескоп со огледало со пречник од 8,2 m. Пред тие кули се наоѓаат други 4 мали мобилни куполи, поставени на шини за да може да се поместуваат. Секоја од нив "крие" по еден мал помошен телескоп со огледало со пречник од 1,8 m. Квечерина е, денот полека отстапува време на ноќта, на небескиот свод се појавуваат првите ѕвезди. Четирите големи кули полека се отвораат и телескопите во нив се насочуваат кон некоја цел на небескиот свод. Истото го прават и малите куполи. Но, зошто е нужна оваа концентрација на телескопи на мал простор? Бидејќи сите тие се, всушност, компоненти од само еден гигантски виртуелен "телескоп" т.н. VLTI (Very Large Telescope Interferometer), идентичен со класичен телескоп, кој би имал пречник на неговото огледало од 200 m! А, како што е познато, за препознавање ситни детали, нужно е телескопот да има што поголемо огледало! Но, проблем е механичката конструкција, која би можела да носи толку големо огледало? А, освен тоа и цената на чинење за изработка на огледалата не е пропорционална со нивниот пречник. Така, на пример, изработката на огледало со пречник 8 m чини околу десет милиони евра, а на огледало со пречник 30 m, дури околу 100 милиони евра. Поради тоа, класичните телескопи се ограничени во поглед на димензиите на огледалата, така што најмоќните од нив употребуваат огледало со пречник 8-10 m.
Сите овие наведени проблеми, економски, конструктивни и високата резолуција на сликата, ги разрешува комплексен систем од повеќе мали телескопи меѓусебе поврзани во една целина, која функционира на интерферометарски принцип како еден единствен, но голем телескоп. Токму таков е VLTI "телескопот". Неговото виртуелно огледало има пречник од 200 m, што обезбедува висока агловна резолуција, но и покрај огромните димензии, тоа чини само неколку десетина милиони евра!

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.