Емитер 10/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Агресивниот настап на АМД на полето за процесорите оваа есен не можеше да мине без реакција од Интел, и покрај тоа што немаше помпезни најави за такво нешто. Освен полусрамежливото најавување на Core i5 и Core i7 процесорите за LGA 1156 лежиштето, изостанаа најави за нови модели во маинстреам и буџет сегментот. Но, Интел не би бил Интел ако пријатно не нè изненади!
Додека ги читате овие редови, најновите Core i5 и Core i7 LGA1156 процесори најверојатно се веќе во продажба. А со тоа и официјално е означен почетокот на смената на генерациите – Core 2 гамата оди во заслужена пензија и на почесно место во музејот на Интел. Оваа знаменита архитектура во историјата на Интел ќе биде впишана со златни букви, и опишана како архитектура која донесе пресвртница како ниедна друга досега. Во ред, смената нема да се случи "преку ноќ". Веруваме дека до конечното повлекување на Core и гамата од рафтовите ќе ги дочекаме и Core i3 моделите, па можеби и 32 nm технологија. Но, се во свое време. Сега ќе се фокусираме на актуелните новини.
Новите модели на процесори за LGA1156 подножје се топ тема во хардверските кругови. И навистина има и зошто. Тоа е и главната тема на оваа статија. Но, задоволството на нејзиниот опис ќе го одложиме за "неколку редови". Најнапред ќе погледнеме што подготвила кујната на Интел и во Core 2 менито. Затоа, трпение. Нема да зажалите!
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.