Рубрика: Информатика
Интернет прославува 40 години од своето постоење
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Пред четириесетина години за првпат преку телефонска линија комуницираа луѓе од два различни компјутери. Се разбира "комуникацијата" беше далеку од совршена, но, сепак, од моментот кога информациите проструеја низ тие телефонски кабли начинот на којшто денес комуницираме беше роден.

ARPANET (Advanced Research Projects Agency Network) мрежата е претходник на денешниот INTERNET. Околу 10 часот и 30 минути на 29 октомври 1969 година била воспоставена првата конекција меѓу два компјутера поврзани преку линија на AT&A телефонската компанија. Поврзувањето било меѓу NLS системот на Даглас Енгелбарт систем во просториите на Stanford Research Institute (SRI) на Универзитетот во Лос Анџелес и SDS Sigma 7 компјутерот на Леонард Клеинрок, кој бил сместен во Network Measurements Center во УКЛА. Компјутерот Sigma 7 користел Interface Message Processor (IMP) произведен за независен интерфејс во ARPANET мрежата.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.