Сакате да знаете дали веб-страницата која моментално ја гледате е вистинската? Еден од начините за проверка е неговата URL, каде ако ја посетите веб-локацијата којашто би требало да е веб-страница на вашата банка, а притоа се прикажува друга адреса, веднаш знаете дека нешто не е во ред. Меѓутоа, од непознати причини, Google сака да си “поигра” со овој приказ.
Како што забележуваат од Android Police, се чини дека Google тестира функција во Chrome којашто ќе ја прикрие веб-адресата во URL линијата, а секогаш ќе се прикажува само доменот на порталот. Ова, на пример, значи дека кога ќе посетите на која било веб-страница од нашиот портал, приказот ќе остане ист – emiter.mk. Иако ова навидум личи како Google непотребно да ги остава корисниците ранливи на фишинг напад, компанијата го тврди токму спротивното.
Во објаснувањето објавено на Chromium се наведува дека “се работи за мношне проблематично подрачје кое треба да се истражи, бидејќи фишингот и другите облици на социјален инженеринг и понатаму се распространети на вебот, а голем дел од истражувањатаукажуваат на тоа дека моменталниот приказ на URL во прегледникот и не е така ефикасна одбрана”.
Се работи за тест/експериментална карактеристика којашто е актуелна само во моментов, и како што појаснуваат од компанијата, ако се покаже како неефикасна во однос на тоа што тие го тврдат, решението нема ни да го имплементираат. Но, ако биде корисно и ако се имплементира, на корисниците ќе им биде понудена можност да ја отстранат оваа опција доколку сметаат дека таа не им користи.