Рубрика: Енергетика
Perpetuum mobile - дали во денешно време е навистина вeчна инспирација? (1)
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


За технички неписмените лица, за сеирџиите и манипулантите со луѓето и нивните пари, како и за сите оние кои живеат со мотото да создадат што е можно повеќе хипотеки кај наивните и лековерните со кој подоцна би манипулирале со нив за свои потреби, перпетуум-мобиле е вечна инспирација. За останатите, чие секојдневие се состои во решавање реални проблеми, конструирање и производство на технички помагала кои ни го олеснуваат животот и кои внесуваат нови содржини во него, перпетуум-мобиле е нешто што само накратко се споменува во образовниот систем како невозможна мисија, нешто за што не вреди да се троши време, пари и труд. Во овој, прв дел од оваа тема, ќе го изнесам моето размислување за перпетуум-мобиле, а во второто продолжение ќе прокоментирам неколку примери на оваа тема.

Филозофијата е наука над науките. Според Емануел Кант таа бара одговори на следниве четири основни прашања: Што можам да знам? Што треба да чинам? На што смеам да се надевам? и ШТО Е ЧОВЕКОТ? За оваа тема, посебно е интересно третото прашање и кога тоа би го превеле на јазикот во енергетиката (и воопшто, во природните науки), би го добило следниов облик: Дали можеме да се надеваме на нешто од ништо или, Дали може да се добие енергија од ништо?

Клучни зборови:

Обид за конструкција на Perpetuum mobile од понов датум

Обид за конструкција на Perpetuum mobile од XIX век

Никогаш ниту еден обид за Perpetuum mobile не бил успешен.

Принципиелна шема на ветрогенератор.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.