Рубрика: Електроника
Школа за електроника: Повторно за лемењето
Автор: Кирил Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Лемилото е една од основните алатки на еден електроничар. Секој почеток е тежок, па така е и со лемењето. Со време стануваме сè повешти и учиме мали трикови кои придонесуваат нашите залемени споеви да изгледаат се подобро. Бидејќи најтешко се учи од искуство а најлесно од книга, а меѓу нас има и такви кои сега почнуваат, еве уште една прилика и овие читатели да се запознаат со основните работи за лемењето.

Лемењето како процес на спојување не бара некоја посебна вештина од изведувачот, како што, на пример, бара заварувањето, но, сепак, постојат неколку работи кои ако ги заборавиме нашите плочки ќе изгледаат лошо.
Лемењето е процес на спојување на два материјала, најчесто два метала, исти или различни со помош на легура (лем) чија точка на топење е помала од точката на топење на секој од двата метала. Точката на топењето на лемната легура обично е многу пониска од точката на топење на металите кои се спојуват со лемот.Така, на пример, ако спојуваме бакар со железо, бакарот се топи на 1080ºC, железото на 1600ºC, а лемот на околу 2000ºC. Ниската точка на топење на лемот овозможува примена на евтини уреди за лемење - електрични лемила.

Рубриката "Школа за електроника" е наменета за електроничарите-почетници, но многу корисни работи во неа ќе најдат и оние понапредните. Затоа слободно, преку писмо или e-mail, поставете ги прашањата што ве мачат и предложете ги темите од електрониката за кои сакате да читате на овие страници.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.