Емитер 10/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Денес, телевизиската слика е со зачудувачки квалитет на најситните делчиња, со квалитетен опкружувачки звук и мноштво корисни дополнителни информации со помош на кои се креираат содржини со сопствен тајминг, по сопствена потреба и желба. Но, не било од секогаш така. Овој мини серијал има за цел да го покаже развојот на телевизијата низ годините. На ред е третиот дел во кој ќе го разгледаме развојот на телевизијата со висока резолуција (HDTV) и дигиталната телевизија (DTV), кои во овој момент стануваат носечки во сферите на телевизијата и мултимедијата.
Секако, си го поставувате прашањето зошто се прави конверзија на аналогните во дигитални сигнали? Постојат неколку предности на ДТВ во однос на аналогната ТВ, но најголемата предност е таа што дигиталните канали заземаат помал фреквентен опсег при ист квалитет и чинење на преносот, се разбира, во зависност од нивото на употребената компресија. Постојат и други предности, но има и недостатоци. Како и во сè, се бара компромис.
Со терестијалната радиодифузија опсегот на формати се диференцира, грубо кажано, во две категории: SDTV, со стандардна резолуција на сликата, и HDTV, со висока резолуција на сликата.
Пред да го опишеме историјатот на дигитализацијата на ТВ-сигналите, како и пред да ги разгледаме предностите и недостатоците на ДТВ, ќе ја проследиме хронологијата на развојот на HDTV како и некои интересни сознанија и факти како ТВ-сликата станувала "high".
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.