Емитер 4-6/2019.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Комерцијалните софтвери за продукција и обработка на музика вообичаено се потпираат на хардверски интерфејс кој треба да овозможи мост помеѓу компјутерот каде што се генерира таа музика и опремата што служи за репродукција на музиката. Тоа не било отсекогаш така. Музиката не започнува со техното, всушност изминат е долг пат за да стигнеме до начинот на којшто денес се произведуваат аудиозаписите. Оваа статија образложува како се развивала музичката продукција за време на изминатиот век, со фокус на диџејската уметност и развојот на опремата потребна за една таква изведба.
Со развојот на електронската музика се развива и опремата на којашто таа се создава и се изведува. Доколку во минатото беше потребен „цел симфониски оркестар” за снимање музика за една песна, денес сето тоа може да се произведе со минимални средства, со помош на процесирачката моќ на новите процесори и дигитализацијата на аудиосигналите. Денес постојат музички инструменти за коишто нашите предци не би можеле ни да си замислат дека тие некогаш ќе постојат, а уште помалку, пак, да го разберат концептот на нивното функционирање. Додека во минатото се потпиравме на аналогните својства на електронските компоненти, денес најголемиот дел од сето тоа се случува по дигитален пат. Новите промени донесоа и нова рамнотежа во поглед на продуцирање на музиката. Па така, додека едни музички професии започнаа да исчезнуваат, нивното место го зазема нова уметничка форма. Токму една ваква форма се новосоздадените диск-џокеи, кои денес веќе вообичаено ги нарекуваме диџеи и неопходната опрема за една нивна изведба.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.