За разлика од повеќето производители на hi-fi уреди кои секоја година промовираат „нови“ модели на своите уреди (нови најчесто само според надворешниот изглед), британската фирма Monitor Audio практикува промена на моделите само кога ќе воведе некое суштинско подобрување. Затоа, не изненадува фактот што новиот звучник Silver 200 е само шеста генерација по ред, во долгогодишниот еволуциски развој на серијата Silver.
Monitor Audio Silver 200 е самостоечка звучна кутија со 2,5-појасна конфигурација – еден високотонец, еден ниско/среднотонец и еден нискотонец, сместени во посебни бас-рефлекс комори. Високотонецот е нова, подобрена верзија со помали хармонички изобличувања, благодарение на новиот неодимиумски магнетен систем, а задржувајќи ја докажаната C-CAM (керамичка алуминиум/магензиум) технологија на 25-милиметарската калота. Ниско/среднотонецот и нискотонецот со номинален дијаметар од 5 ¼ инчи (133 mm) исто така имаат C-CAM мембрана во конкавна форма, со дополнително изведени вдлабнувања за зголемување на цврстината на мембраната. Ниско/среднотонецот и нискотонецот се прицврстени на кутијата не само на предната плоча (стандардно решение), туку и на задната плоча преку еден долг шраф, со што се добива значително механичко зацврстување и поништување на вибрациите. Кутијата е изработена од подебел, 20-милиметарски медијапан, со дополнителни внатрешни зацврстувања. Во свртницата се употребени квалитетни полипропиленски кондензатори, а внатрешното ожичување е изведено со посребрени бакарни кабли. Осетливоста на Silver 200 е натпросечна – 89 dB/1W/1m.
На тестот во британското списание What Hi-Fi звучникот Monitor Audio Silver 200 е оценет како неверојатно брз, експресивен и агилен, со чист звук и балансиран во целиот фреквентен опсег, со вкупна одлична оценка (пет ѕвездички). Моделите на Monitor Audio се достапни во продажниот салон на екслузивниот застапник Алфа Аудио во стариот трговски центар Капиштец, локал 12. Контакт телефон (02) 320 9 320 или посетете ја нивната веб-страница www.alfaaudio.com.mk
комерцијален напис