Рубрика: Архитектура и градежништво
Македонски правилник за енергетски карактеристики на згради (1)
Автор: Петар Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


По повеќе од две децении од осамостојувањето на Република Македонија, донесен е првиот Правилник за енергетски карактеристики на згради, кој треба да ја пополни празнината во законската регулатива за заштеда на енергија во градежниот сектор и заштита на животната средина. Правилникот за основа ги има неколкуте закони (Закон за енергетика, Закон за градење, Закон за градежни производи итн.) и има задолжителна примена. Се однесува на нови згради кои треба да се градат, но и на стари згради кои подлежат на значителна реконструкција. Пропишаните критериуми со минимални барања за енергетски карактеристики на зградите треба да овозможат значителни заштеди на енергија, но и значително намалување на емисија на CO2 во атмосферата, како минимален придонес на Република Македонија во борба против зголемување на ефектот на стаклена градина околу планетата Земја и глобалните климатски промени предизвикани од тоа.

Кога купуваме автомобил, ги бираме бојата, опремата, погонското гориво и други за нас важни работи, но одлучувачки фактор, покрај марката, е и колку литри на 100 km ќе троши нашето возило, бидејќи со него ќе возиме 5 или повеќе години и многу е значајно во текот на тој период нашиот авомобил да биде економичен. Кога купуваме стан, при изборот, меѓу другото, не ретко одлучувачки фактор се квалитетот и бојата на плочките во кујната и бањата, вратите помеѓу просториите, каква ограда има балконот, какви се влезот, скалите и лифтовите во зградата итн. Станот го купуваме за во него да живееме многу години, ако не и децении, и тој треба да ги задоволи нашите естетски и функционални барања.

Но, што е со економскиот момент, дали сме се запрашале со што ќе се грееме во зима и ладиме во лето и, што е уште поважно, колку тоа ќе нè чини во текот на 6-те зимски и 3-те летни месеци? Дали овој момент бил одлучувачки при купување/градење стан или куќа? И кога би биле свесни за овој факт, прецизниот одговор на ова прашање не би можеле да го добиеме од никого, освен можеби паушално, дека станот/зградата е добро изолиран !!!? И дека е енергетски ефикасен !!!? А нас точно нè интересира, во зависност од климатската зона во која се наоѓа станот/зградата, колку киловатчасови за секој квадратен метар ќе трошиме годишно (kWh/m2 a), пред сè за греење, независно од тоа со што се грееме (електрична струја, течно гориво, дрво, јаглен, гас итн.).

Споредба помеѓу зголемувањето на цените на КСиНТИ и зголемувањето на изолациските ефекти во зависност од дебелината на изолацијата

Како еден од тројцата автори на новиот Правилник за енергетски карактеристики на зградите (проф. Марко Серафимов и машинскиот инженер Алекса Томовски за делот што се однесува на системите за греење/ладење, вентилација и доктор Петар Николовски за градежните конструкции и зградата во целина), на читателите на ЕМИТЕР сакам да им ги презентирам најбитните делови од Правилникот.

Клучни зборови:

Споредба помеѓу зголемувањето на цените на КСиНТИ и зголемувањето на изолациските ефекти во зависност од дебелината на изолацијата

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.