Емитер 12/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Алатка која може да му даде втор живот на вашиот оперативен систем, која ќе го забрза работењето, ќе ги отстрани неправилностите. ќе ви заштеди простор … само со еден клик! Изгледа неверојатно но сето тоа го овозможува TuneUp Utilities 2011.
Windows оперативните системи, барем кај нас, се најраспространети и ги користат речиси сите оние кои имаат компјутер, од оние кои го вклучуваат еднаш дневно до оние кои не стануваат од него. Во зависност од тоа што се работи на компјутерот, како и во зависност од познавањата на оној кој работи на него, честопати можат да се појават проблеми, да се намали брзината на одзив на зададените команди или, пак, да исчезне сиот тој простор на хард дискот кој кога го купувавте компјутерот сметавте дека никогаш нема да се потроши. Во таквите ситуации се можни две сценарија. Првото сценарио е вие, или доколку немате доволни познавања тогаш некој кој има да потрошите часови и часови чепкајќи по регистрите и скриените фолдери, бришејќи непотребни документи и записи, да дефрагментирате со трети алатки и чистите канти за отпадоци (системски) сè со цел да вратите дел од брзината, перформансите и слободниот простор кој го имавте претходно. Но, постои и второ многу полесно и побрзо решение. Да инсталирате некоја програма која сето тоа ќе го сработи за вас. И тука морате да сте многу внимателни. На интернет има мал милион online и ofline програми кои наводно го прават сето тоа. Но, пред да се одлучите да ги препуштите системот и вашите вредни податоци во рацете на некој софтвер, размислете убаво и прочитајте сè што можете за него. Или, пак, верувајте ни нам на збор кога тврдиме дека TuneUp Utilities 2011 е токму она што ви треба. Ние го тестиравме и еве што сè најдовме низ него.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.