Рубрика: Астрономија и астронаутика
Лов на комети
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Откако првата група сонди во 1986 година помина покрај Халеевата комета, до денес за време на прелетувањата успешно се сликани и проучени јадрата на уште пет различни комети. Но, наместо да помогнат да се изгради едноставен и задоволителен стереотип за тоа што претставуваат кометите навистина, овие средби открија изненадувачки разновиден спектар од карактеристики и процеси. На 4 ноември леталото ЕПОКСИ (EPOXI) на НАСА помина на оддалеченост од 700 километри од кометата Хартли 2, носејќи нови податоци кои даваат уште покомплексна слика за кометите. Се чини дека при секоја нова средба со кометите откриваме нов феномен.

Во аналите на истражувањето на комети, ЕПОКСИ (EPOXI) е веќе херој. Во 2005 година под името Длабок удар (Deep Impact), леталото упати проектил во срцето на кометата Темпл 1 и го проучи мноштвото материјал кој беше исфрлен под влијание на ударот. Оттогаш леталото беше на пат за средба со Хартли 2 како дел на проектот ДИКСИ (DIXI - Deep Impact Extenden Investigation). Во тек на петгодишното патување неговото електронско око беше насочено кон далечните ѕвезди каде што бараше знаци за присуство на екстрасоларни планети во транзит, како дел од проектот за набљудување и карактеризација на екстрасоларните планети наречен ЕПОХ (EPOCh - Extrasolar Planet Observation and Characterisation). Спојувањето на овие два акронима на мисијата и го даде нејзиното сегашно име EPOXI.

Клучни зборови:

EPOXI во посета на комета.

Петте досега посетени комети.

Градбата на една комета – како што досега се сметаше.

Последниот улов - кометата Вајлд 2

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.