Емитер 12/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Брусната хартија или шмирглата многу се користи во столарските, автолимарските и други слични работи. Тоа е понекогаш страшно досадно, но работа која мора да се заврши, а покрај тоа и работа која може да биде лошо изведена без соодветен алат. Во овој број ви ги претставуваме брусилките на МАКИТА со шмиргла.
Не е проблем кога треба некоја цевка да се исчисти од ’рѓа. На обична дупчалка поставуваме евтин додаток со шмиргла кој ротира и ја чисти површината по која поминуваме. Ваков додаток може да се постави и на аголна брусилка, па така да се добие уште помоќна машина за чистење ’рѓа. Но, дали може ваквата комбинација успешно да се користи и кај столарските и автолимарските работи? Секако дека не. Кај овие работи шмирглата не ја гребе само површината, туку може да завлезе длабоко во материјалот (дрво, кит..). Поради тоа за овие работи ни се потребни специјални машини, прецизни и квалитетни. "Ѕвездите" во овој домен се еднорачната осцилирачка брусилка BO4555, BO3710 наменета за фино брусење на рамни површини, моделот BO4900V со брусна плоча, BO9046 за брусење на поголеми рамни површини со погруба шмиргла, BO5030 за автолимарски потреби, BO5031 со регулација на фреквенцијата на плочата, BO6030 наменета за голем обем на работа, BO6040 со можност за осцилаторно поместување на плочата и BO4565 – со петоаголна осцилаторна плоча.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.