Рубрика: Аудио и видеотехника
Научниците го пронајдоа звукот на тишината
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 11.07.2023 - 13:15

Не, не, не,... не се работи за хитот од 1970-тите на Сајмон и Гарфанкел. Според новото истражување објавено деновиве во Proceedings of the National Academy of Sciences, луѓето ја регистрираат тишината на ист начин како што ги регистрираат и звуците.

Во истражувањето 1000 волонтери слушале т.н. „аудитивни илузии“ во кои наместо звук се користела тишина.

Философите долго дебатираа дали тишината е нешто што буквално можеме да го согледаме, но нема научна студија што директно се занимавала со ова прашање“, вели еден од авторите на трудот Чаз Фајрстоун, асистент професор по психологија и мозочни науки на Универзитетот Џон Хопкинс. Во нивната студија истражувачите решиле да испитаат дали нашиот мозок ги третира тишините на ист начин на кој ги третира и звуците. Тие сметале дека ако реагираме исто и на аудитивните илузии што користат тишина како што реагираме и на оние со звуци, тогаш тоа може да биде доказ дека буквално ја слушаме тишината.

Истражувачите побарале од учесниците да слушаат добро познати аудитивни илузии каде звуците биле заменети со тишина. Една вообичаена аудитивна илузија од овој тип е, на пример, илузијата „Едно е повеќе“, каде што луѓето слушаат долг и два кратки звучни сигнали. Иако двата звучни звуци имаат исто времетраење, луѓето редовно пријавуваат дека звукот со еден звучен сигнал трае подолго.

Во оваа студија, истражувачите ја реплицираа илузијата „Еден е повеќе“, но на тој начин што најнапред пуштале заднински звук на метеж, нешто како звуци од ресторан, а потоа ја прекинале емисијата со долга тишина или две кратки рафални тишини.

Во оваа и во другите аудитивни илузии, учесниците ги пријавиле истите ефекти како и кога слушале звуци.

Постои најмалку едно нешто коешто го слушаме иако не е звук, а тоа е тишината што се случува кога звуците исчезнуваат“, вели другиот авторот Иан Филипс, професор по филозофија и психолгија и мозочни науки на Универзитетот Џон Хопкинс. Видовите илузии и ефекти кои се чинат уникатни за аудитивната обработка на звукот, ги добиваме и со тишини, што укажува на тоа дека навистина го слушаме и отсуството на звук“, додава тој.

Како следен чекор во ова истражување за слушање на тишината, истражувачите се заинтересирани да видат дали слични ефекти можат да се произведат со визуелни исчезнувања. Како што вели и песната: “Здраво темнино, мојот стар пријателе...” ;)

 

П.С. Бонус за помладите генерации – хитот “Звукот на тишината” од Сајмон и Гарфанкел

Клучни зборови: